Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, кандидат за градоначалник на Тетово заминува од позицијата прв човек на Секретаријатот за европски прашања, а Невзат Бејта од позицијата министер за локална самоуправа, бидејќи е номиниран за градоначалник на Гостивар, објави МТВ.
Според МТВ, двајцата ќе ги достават оставките до премиерот Никола Груевски најверојатно пред почетокот на изборната кампања за локалните избори. Портпаролот на партијата Бујар Османи за МТВ потврдил дека има таква партиска одлука.