Двајца рудари загинаа денeска откако врз нив се урнал рудник за јаглен во Красногорскаја во областа Кемерово, на југот на Сибир пренесува Itar-tas.
Рудникот бил во сопственост на компанијата Прокопјевскогул, а претседателот на Сибирската област Михаил Федјаев минатиот месец изјавил дека рудникот ќе биде затворен до крајот на годината.
Рудникот се урнал кога во него имало 58 рудари, спасени се 56.