Двајца малолетници, 14-годишници од Скопје, ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, информираат од МВР.
Малолетните лица на 19 февруари годинава од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21 февруари годинава од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје.
На 25.2.2025 тие биле повикани во полициската станица во Чаир, заедно со родител, и го признале и објасниле делото.
По извршениот службен разговор, со цел обезбедување на докази, со потврда за привремено одземени предмети од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ картички, кои ги користеле пријавените малолетни лица.