НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две лица починале по испитување на лек-Неврологија не барала обдукција

2
By Нова ТВ on April 2, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца пациенти  врз кои се вршеле клинички испитувања на  регистриран лек на  Клиниката за неврологија, починале во 2016 година. Случајот, го открива ревизорот кој констатираше дека одговорниот кој го вршел испитувањето доцна пријавил за смртта на пациентите, поради што неможело да се изврши обдукција и да се утврди дали смртта настанала поради лекот.

Во ревизорскиот извештај, објавен денеска, пишува:

„Во рамки на клиничкото испитување на дополнителна индикација на претходно регистриран лек, кое се спроведува во повеќе здравствени установи во државата во текот на 2016 година, на клиниката починале две лица, пишува во ревизорскиот извештај.

Со увид во преземените активности, ревизијата констатира дека главниот истражувач постапил согласно законските барања за поднесување на известување за појава на несакани настани до надлежните органи – Етичката комисија и МАЛМЕД (Агенцијата за лекови) но не се преземени активности за потврдување или исклучување на поврзаноста на настанот со студискиот лек, односно не е направена обдукција…

..Со увид во документацијата и направените интервјуа констатиравме дека несаканите настани биле пријавени неколку дена по настанување на истите поради што главниот истражувач неможел да ја исполни законски предвидената обврска во ваков случај, односно неможел да иницира обдукција, пишува во извештајот.

Ревизорот констатира  дека одговорниот не постапил во согласност  со член 270 став 5 и член 275 став 5 од Законот за здравствена заштита и начелото на сигурен здравствен третман.

Во членот 275 став 5 од Законот за здравствена заштита пишува: Обдукција ќе се спроведе ако се работи за непримерна смрт или смрт со непознато потекло, смртта настапи во текот на дијагностички и терапевтски зафат, смртта настапи во рок од 24 часа од приемот на лицето во здравствена устнова,лицето учествувало во клиничко испитување на лек или медицинско помагало, односно во научноиспитување во здравствена установа или во случај на смрт на лице чии делови на тела можат да се земат за пресадување во согласнот со закон“.

По ова, Етичката комисија и МАЛМЕД, ја известиле фармацевската куќа дека испитувањето ќе биде прекинато поради смртта на пациентите.

Ревизорите исто така констатирале дека во документот  кој го потпишувале  пациенти вклучени во клиничките испитувања, а со кој се информирале за  ризикот, правата и обврските  не била наведена обврска за обдукција,при случај на смрт.

Според извори на НОВА, во ова клиничко испитување биле вклучени пет пациенти од кои двајца починале. Станува збор за лек, антикоагулант што се користи против згрутчување на кртва и се пие по една таблета дневно.

Доброупатени извори за НОВА изјавија дека лекот не е на позитивната листа и не е дел од болничката и аптекарската листа, но го има на фармацевсткиот пазар.

Ревизорскиот извештај се однесува за 2016 година, кога вд медицински директор на Клиниката бил Иван Кузмановски.

Во врска со клиничките испитувања, ревизорите утврдиле и финансиски малверзации, бидејки договорите со претставници на фармацевстките компании за овие испитувања,ги склучувал директорот на Клиниката, наместо тие договори да се склучуваат преку МАЛМЕД, Агенција која ги издава одобренијата за претставници на фармацевстките компании.

„Во четири клинички испитување,главен истражувач е раководно лице вработено во Клиниката, кој воедно е и потписник на договорот со спонзорот во својство на главен истражувач и раководно лице на институцијата. Со делегирањето на повеке функции кај едно лице не се обезбедуваат контролни механизми кои ке гарантираат исполнување на поединечните обврски и утврдување на правилен паричен надоместок за Клиниката“ пишува во ревизорскиот извештај.

Поради ова,  утврдено е и дека најголем дел од парите на фармацевстките куќи за клинички испитувања завршиле кај истражувачките тимови, а не на сметка на Клиниката. Вкупниот  буџет за сите испитувања во 2016 година, според пресметките на ревизорите  изнесувал 24 милиони денари или 400 илјади евра. Од овие пари,Клиниката требала да добие само 20 илјади евра, но во период од 2016 и 2017 година биле извршени само 4 уплати во износ од 3000 евра. Во овој период, истражувачките тимови добиле многу повеќе исплати од фармацевстките куќи.

Актулениот директор на Клиниката за Неврологија Иван Барбов за НОВА изјави дека сериозно се разгледуваат сите наоди во ревизорскиот извештај.

„Државниот ревизор ни вети дека случајот ќе биде пријавен во Основното јавно обвинителство, но доколку тоа не се случи, ние ќе повикаме финансиска полиција“ рече Барбов за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.