Две лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница што се случи ноќеска во преполн ноќен клуб во американската држава Ајова, соопштија локалните власти.
Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека, според досегашните сознанија на истрагата, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1:30 часот по локално време.
Како што појасни тој, полицајците кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица се дале во бегство. Еден од ранетите е во критична состојба. Полицијата е во потрага по осомничените.
Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.