Сторијата за шпионажата на Националната агенција за безбедност на САД која ја објави „Гардијан“ „со помош“ на Едвард Сноуден, донесе две награди. Здружението на онлајн вести на британскиот весник му донесе награда во категориите за иновативно истражувачко новинарство, и новинарство во функција на чувар на демократскиот систем.
Меѓу другите медиумски куќи кои добија награди во сферата на новинарството се и „Њујорк Тајмс“, како и „Бостон глоуб“, кои примија по неколку награди.
Новинарот на „Гардијан“, Глен Гринвалд соработуваше со поранешниот агент на НСА, Едвард Сноуден, по што Гринвалд објави низа податоци од документи кои укажуваат дека САД во соработка со Велика Британија, спроведуваат огромна програма за надгледување на комуникациите низ целиот свет.