Најмалку двајца загинати а повеќемина ранети е епилогот по престрелката помеѓу украинските специјални сили и про-руските поддржувачи во Славјонск, каде што украинските власти утрово започнаа „анти-терористичка“ операција.
Во Харков пак, се судрија поддржувачите и противниците за федерализација на Украина, каде што се повредени најмалку двајца, пренесува Итар-тас.
Според новинарите на Асошиејтед прес, немало никакви знаци на борба и престрелки.
Поддржувачите на идејата за федерализација на Украина ги заземале зградите на градските управи во Мариупол и Јенакиев, соопштуваат руските и украинските медиуми, пренесува Танјуг.
Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен предупредува: Секое руско воено вмешување во Украина, ќе резултира со зголемување на меѓународна изолација на Русија.