Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двегодишно дете претепано од таткото – насилникот бил пријавуван

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двегодишното дете кое беше пренесено на Детска хирургија откако било претепано од неговиот татко денеска ќе биде пуштено дома, а на таткото му е поднесена кривична пријава за две кривични дела за „телесни повреди во вршење семејно насилство“ и одреден 8 дневен притвор.

Како што соопшти МВР, Ф.С. на 08.08.2018 година во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал неговиот двегодишен син и неговата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди. Додека неговата сопруга била на работа, Ф.С. физички го нападнал двегодишното дете, по што тоа се онесвестило. Околу 18.30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, пријавениот Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С.. Таа успеала да избега во собата кај децата, кои и кажале дека татко им  ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат. По кратко време, Ѓ.С. со такси возило го однела двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во шелтер центар.  

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е запознаено и постапува по случајот, а специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.

-Останатите 3 деца кои вчера беа интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Воедно, Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство, се вели во соопштението.

Од МТСП велат дека семејството е познато на Центарот и по претходни пријави за семејно насилство. Од средината на март до почетокот на април годинава, мајката и четирите деца биле згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот го напуштиле по писмена изјава на мајката дека сака да се врати во домот на сопругот со своите деца, бидејќи ги надминале недоразбирањата и состојбата во домот е смирена.

дете МСТП претепано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.