Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЗР: Сериозни пречки за употреба на ВИ во јавниот сектор

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Скриншот ДЗР
Фото: Скриншот ДЗР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ограничената достапност на отворени податоци, слабата координација со меѓународните тела и ниската институционална подготвеност претставуваат сериозни пречки за развој на вештачката интелигенција (ВИ) во државата. Пристапот до отворени, структурирани и машински читливи податоци од јавниот сектор е еден од клучните предуслови за развој на системи базирани на ВИ. Иако уште во 2018 година е воспоставен Портал за отворени податоци, тој не функционира од почетокот на 2025 година, што ја ограничува транспарентноста и иновативниот потенцијал на бизнис-секторот, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извршената ревизија на на тема „Можности за употреба на Вештачка интелигенција во јавниот сектор”.

Целта на ревизијата е да оцени дали јавниот сектор е подготвен за користење на вештачка интелигенција во своите активности.

Иако вештачката интелигенција е препознаена како значаен фактор за дигиталната трансформација, ревизијата утврди дека Национална стратегија и законска регулатива за утврдување на правилата за имплементација на проекти со вештачка интелигенција во јавниот сектор не е донесена. Собранието на седницата одржана на 27 јуни 2025 година го донесе Закон за безбедност на мрежни и информациски системи со кој се уредува безбедноста на мрежните и информациските системи, надлежните органи за безбедност на мрежните и информациските системи, мерките за безбедност на мрежни и информациски системи и за управување со ризикот за сајбер безбедност, како и други прашања поврзани со безбедност на мрежни и информациски системи.

Употребата на вештачката интелигенција се споменува во повеќе стратешки документи, но најчесто како дел од пошироки цели, без придружни акциски планови и без координиран пристап. Вложувањата во ИКТ инфраструктура за напредни истражувачки ресурси, како што се суперкомпјутери, специјализирани сервери за обработка на големи податоци и машинско учење, развој на технолошки центри, се незначителни и придонесуваат за намален интерес за проекти со користење на вештачка интелигенција, се посочува во ревизијата.

И покрај тоа што не е донесена национална стратегија, ниту законска рамка за примена на ВИ во јавниот сектор, се додава во ревизијата, во периодот од 2018 до 2023 година, преку Фондот за иновации и технолошки развој се финансирани 48 проекти со елементи на ВИ во вкупна вредност од 6.110.044 евра (375.768 илјади денари).

Ниту еден од поддржаните проекти за ВИ не е имплементиран во јавниот сектор. Недоволната промоција и отсуство на јавен регистар на проекти за ВИ ја ограничуваат нивната видливост, следливост и примена, што негативно влијае врз можностите за нивна имплементација, популаризација и понатамошни вложувања во јавниот сектор. Во 12 области (Авионска индустрија, авто/агро индустрија, ветерина, е-бизнис, енергетика, здравство, ИТ / финансии, ИТ/ образование, јавен сектор, правен сектор, производство и финансии), кофинансирани се по еден проект поврзан со ВИ, се прецизира во ревизијата.

Иако Владата во 2023 година го промовираше првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција АДА, со цел зголемена транспарентност и подобра информираност за инвестициските можности, како што се нагласува, алатката веќе не е во функција, и покрај вложените 150 илјади евра, една од причините е што не е продолжен договорот со економскиот оператор кој ја изработил и ја одржувал апликацијата.

Иако 96,99% од населението е покриено со 5G мрежа, а над 68% од домаќинствата имаат пристап до фиксни мрежи со многу висок капацитет, Република Северна Македонија сè уште не располага со современа и сеопфатна дигитална инфраструктура што е предуслов за примена на вештачка интелигенција. Недостасуваат понови генерации на суперкомпјутери, стабилни дата центри и специјализирани системи за обработка на големи податоци, што ја ограничува подготвеноста на земјата за примена на ВИ во јавниот сектор. И покрај најавите, сè уште не е изграден технолошкиот парк во Скопје, а постојните иницијативи остануваат недовршени. Ова укажува на итна потреба од вложувања во инфраструктура што ќе овозможи сигурна, доверлива и ефикасна примена на новите технологии, во согласност со европските регулативи и стратешките цели за дигитална трансформација, констатира ДЗР.

Во ревизијата с епосочува дека вештачката интелигенција има потенцијал да го подобри функционирањето на повеќе сектори и тоа: Здравство, Јавна администрација, Енергетика, Финансиски сектор, Образование, Земјоделство, Безбедносен сектор и Индустрија. Сепак, овие потенцијали остануваат недоволно искористени поради отсуство на национална стратегија за ВИ, соодветна инфраструктура и квалификуван кадар.

Поради нефункционалноста на порталот и отсуството на номиниран контакт со Open Data Europe, нашата држава не е вклучена во официјалните Open Data Maturity извештаи за 2023 и 2024 година. Сепак, на 15 април 2025 година, Министерството за дигитална трансформација номинира претставник и повторно започнува процесот за вклучување во европските анализи, констатираат ревизорите.

Во поглед на подготвеноста за користење на ВИ во јавниот сектор, како што посочуваат, постојат повеќе истражувања и рангирања. Глобалниот индекс за одговорно користење на вештачка интелигенција (GIRAI), за југоисточна Европа нашата земја се наоѓа на 6-тото место од рангираните 9 држави.

Од друга страна, според Глобалниот индекс на иновации (GII) за 2024 година, Македонија бележи пад за четири позиции од 54 на 58 место. И индексот за подготвеност за ВИ на ММФ ја позиционира земјата на 77 место од 174 држави, што укажува дека иако постои потенцијал, потребни се значителни подобрувања во дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, иновациите и економската интеграција, како и регулативата и етиката во доменот на вештачката интелигенција, се вели во ревизијата.

Се посочува дека универзитетите во државата играат значајна улога во развојот на човечки капацитети за развој на вештачката интелигенција, но недостига системска поврзаност со јавниот сектор и заедничка платформа за соработка.

Според добиените одговори од 6 високообразовни институции, најголем капацитет имаат ФИНКИ и ФЕИТ при УКИМ, со вкупно над 1.700 дипломски, 220 магистерски и 37 докторски трудови поврзани со ВИ. Дел од универзитетите учествуваат во NLP проекти како TTS-MK и ChatMed. Сепак, недостасуваат јавен регистар, формализирани програми за преквалификација, и централизирана евиденција на кадри обучени за ВИ, со што се ограничува потенцијалот за координиран развој на оваа клучна област. Проектите за обработка на природен јазик (NLP) претставуваат значајни чекори кон локален развој на вештачка интелигенција, со фокус на зачувување и практична примена на македонскиот јазик, констатира ДЗР.

Моделот „Буки“, развиен од УКИМ во 2024 година, како што велат, овозможува автоматска транскрипција на говор во текст со интерпункција и граматика, применлив во образованието, јавната администрација и за лица со попреченост.

Во рамките на пилот проектот за бројот 112, се користи ВИ за реално временска анализа и препораки при итни повици, но неговата целосна имплементација е ограничена поради дополнителни финансиски барања и недостиг на правна и техничка рамка. Овие иницијативи ја покажуваат потребата од посветени инвестиции, јазична адаптација и институционална поддршка за да се искористи целосниот потенцијал на ВИ во критични области од јавниот интерес. Иако законодавната рамка за заштита на личните податоци е усогласена со GDPR на ЕУ, ревизијата утврди дека примената на овие стандарди при имплементација на ВИ проекти е недоволна и ризична, се посочува во ревизијата од ДЗР.

Вештачка интелигенција ДЗР јавен сектор отворени податоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.