Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѕвезди кои предизвикаа глобална полемика- пееја за диктатори

0
By Нова ТВ on July 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ѕвездите кои предизвикаа глобална полемика

Американската пејачка и актерка, Џенифер Лопез беше критикувана поради нејзиното пеење на роденденската „Среќен Роденден“ на лидерот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, кој е обвинет за кршење на човековите права. Но таа не е првата светска ѕвезда која предизвикала контроверзност во светски рамки.

Во 2011, холивудските ѕвезди Хилари Свонк и Жан-Клод Ван Дам, и виолинистката Ванеса Меј присуствуваа на забавата која изобилуваше со ѕвезди, организирана од страна на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за неговиот 35ти роденден во Грозни.

Ван Дам својот говор го заврши извикувајќи „Те сакам господине Кадиров“, додека Свонк рече „Среќен Роденден господине Претседател“.

Организациите за човекови права го обвинуваат чеченскиот воен лидер за прогонувања врз критичарите и извршување разни злоупотреби во неговата борба против бунтовниците.

„Срам да ми е“, подоцна се извини Свонк. „На крај би требало да знам каде одам и однапред да знам за тоа“.

Кланот на Гадафи пак уживаше во организациите на раскошните забави „начичкани“ со безброј светски ѕсвезди за времето на нивното владеење во Либија.

Американскиот рапер, 50 Cent, настапуваше на приватен концерт организиран за нив во 2005, за време на филмскиот фестивал во Венеција, додека пак канадаската поп-ѕвезда Нели Фуртадо тоа го направи во интимен амбиент во италијански хотел во 2007 година.
Мараја Кери се појави на Новогодишната забава, под покровителство на Гадафи, на Карипските Острови, поточно Сен Бартелеми, на крајот од 2008, додека Бијонси настапуваше на истиот настан следната година.

Можеби го гледеа трендот на познатите политички фигури, како на пример британскиот премиер Тони Блер, кој му посака добредојде на полковникот Гадафи назад во меѓународното стадо со ракување, за време на средбата во либискиот главен град Триполи во 2004.

Меѓутоа, кога крвавото востание во Либија се рашири во 2011, многумина од познатите личности своите средства од забавите ги донираа во добротворни цели.

„Бев наивна и несвесна за кого настапувам“, изјави Maраја Кери. „Ова е лекција за сите уметници. Мора да бидеме посвесни и поодговорни без разлика кој ги организира нашите настапи. На крајот на краиштата, ние како уметници мора да се повикаме на одговорност“.

Нели Фуртадо даде 1 милион долари во добротворни цели, потоа следуваше Бијонси, која својата заработка од тие концерти ја подари во ревитализацијата на Хаити после големиот земјотрес во 2010, додека 50 Cent донираше во УНИЦЕФ.

Во 2010, Стинг настапи на концерт организиран од страна на Гулнара Каримова, ќерка на узбекистанскиот претседател, Ислам Каримов.

Каримов води репресивен режим. Во еден од извештаите на ОН, неговиот режим беше опишан како „систематски“, дека нема политичка опозиција, и дека медиумите се строго контролирани од државата.

По неговиот концерт, поранешниот фронтмен на групата „Police“, изјави дека бил убеден дека неговиот концерт бил спонзориран од УНИЦЕФ, но според „Гардијан“, добротворната организација ги отфрлила таквите тврдења.

Но пејачот беше категоричен во својата изјава.

„Свесен сум за ужасната репутација на узбекистанскиот лидер во полето на човековите права и животната средина. Но и покрај тоа, одлучив да настапувам“, рече тој.

„Дојдов до верување дека бојкотот на културата не се само бесцелни гестови, туку се и контра-продуктивни, каде пропишаните држави се уште повеќе ограбени од отворената трговија на идеи и уметност и како резултат на тоа станаа дури и повеќе затворени, параноични и заградени“.

Како одговор на тоа, Крег Мареј, поранешниот британски амбасадор во Узбекистан, на својот блог напиша: „Тој беше платен над 1 милион фунти да настапува на настан дизајниран за величење на варварски режим. Човекот полудел?“

Њујоркшкиот филхармониски оркестар настапуваше во Северна Кореја во 2008 година, за целите на како што беше тогаш опишано „приказ на културната дипломатија“.
Концертот во Големиот Театар во источен Пјонгјанг започна со националната химна на Северна Кореја, проследена со химната на САД.

Оркестарот продолжи со музиката на Вагнер, Гершвин, и Дворак, како и со корејски фолк.

Настапот беше пренесуван во живо на локалните телевизии.

Посетата се наметнува како најголемото американско присуство во оваа изолирана држава од крајот на Корејската војна. Посета која била овластена од страна на американскиот Стејт департмент. Но еден од таблоидите на Њу Јорк, на овој настан му даде опис како „губење на честа“ кој на Ким Јонг-ун му доделил пропаганден удар.

Во 2008, Крис Де Бург се надеваше дека ќе стане првиот уметник од Западот кој ќе настапи во Иран од 1979 наваму. Но неговите обиди да настапи со иранскиот поп бенд „Аријан“ наводно биле спречени од страна на иранската бирократија.

Мајкл Џексон се повлече во Бахреин во 2005 година откако беше ослободен од обвиненијата по злоупотреба на децаа. Следната година, тој потпиша договор за снимање на нов албум во земјата, етикетиран од страна на синот на кралот на Бахреин, Шеик Абдула Бин Хамад Бин Иса Ал-Калифа. Сепак, како и повеќето работи во животот на Џексон, и оваа прилика заврши како правна горчина.

Кубанскиот лидер, Фидел Кастро, беше во првите редови за време на настапот на велшкиот рок-бенд „The Manic Street Preachers“ кој се одржа во Хавана во 2001 година, Бендот се сретна со Кастро пред почетокот на концертот и го предупреди за големината на гласноста.

На тоа Кастро незаборавно одговори: „Не може да биде погласно од војна, така?“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.