Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Стапчињата за уши и пластичните чаши заминуваат во историјата

0
By Светлана Јовановска on May 28, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) денес им предложи на земјите членки да забранат десетина производи што секојдневно се употребуваат а коишто содржат пластика.

Помеѓу нив се стапчињата за уши, пластични чаши и чинии, сламки и стапчињата со кои се мешаат пијалоци или пластичните стапчиња на кои се закачуваат балони. Овие производи наскоро ќе треба да се произведат од потрајни материјали. Цел на мерката е да се спречи понатамошно загадување на човековата околина, морињата и океаните од пластика.

Според научните студии токму овие десет производи, за еднократна употреба, сочинуваат најголем дел од морскиот смет, до 70 отсто од вкупниот смет во морињата и океаните, изјави денес потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс.

“ЕУ не е најголемиот загадувач со овие производи од пластика, но ЕУ сака да биде првата што ќе најде решение”, изјави тој.

ЕК смета исто така дека загриженоста за човековата околина може да донесе економски интерес. ЕУ би сакала да биде прва во производството на овие продукти но без пластика:

“Европа би можела прва во креирањето на производи коишто ќему бидат потребни на целиот свет во децениите пред нас и со тоа да извлече економска вредност од ресурсите кои се ограничени”, вели комесарот за компетитивност Јурки Катаинен.

Според предлогот на ЕК, земјите членки ќе мораат да постигнат 90 отсто собирање и рециклажа на пластичните шишиња до 2025 година. Еден од начините би бил наплата на кауција за секое продадено пластично шише.

Некои производи ќе треба да добијат етикети на кои јасно ќе пишува како производот треба да се елиминира, какви се неговите ефекти врз човековата околина и колку пластика има во него. Ова се однесува пред се влажните марамчиња, влошките и балоните.

Со овие мерки ЕК сака да бидат намалени емисиите на ЦО2 за 3,4 милиони тони. Брисел верува дека овие мерки ќе бидат усвоени пред европските избори во мај 2019 година.

Европска комисија пластика пластични чаши и чинии стапчиња за уши човекова околина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.