Најмалку еден рудар загина, а меѓу 200 и 300 останале затрупани во јамата при одрон во рудник за јаглен во западниот турски округ Маниса.
Досега се спасени 20 рудари, а како причина на експлозијата се претпоставува дека е грешка на инсталацијата.
Градоначалникот на Сома, Мехмет Махатим Атчи за CNN Turk изјавил дека експлозијата ја предизвикал пожар во рудникот, дека 20 рудри се спасени, а еден од нив починал на пат кон болницата. Според него пожарот го предизвикал струен удар.