Еден загинат и седум повредени е епилогот од вооружен напад на изборниот штаб на турската Националистичка партија во Истанбул.
Убиен е портпаролот на партијата Националистичко движење, пренесуваат турските медиуми.
Нападот се случил доцна навечер во неделата во областа Есењурт, непосредно по формирањето на изборниот штаб на партијата во пресрет на локалните избори во март, пренесува АФП.
Засега полицијата уапсила шестмина осомничени, додека според лидерот на партијата, Челал Адан, одговорна за нападите е сепаратистичката Курдистанска работничка партија.
Областа каде што се одвивал нападот е населен со претежно курдска заедница.