Единаесет луѓе загинаа при пад на либиски воен авион во јужниот дел на Тунис во четвртокот вечерта.
Авионот пренесувал медицински персонал и опрема во областа Громбалија што се наоѓа на околу 40 километри јужно од главниот град на Тунис.
Во авионот имало тројца лекари, двајца пациенти и шест членови на екипажот.
Надлежните органи ги преземаат сите неопходни мерки за откривање на причините за авионската несреќа во која загинаа сите патници.