Здружението за унапредување на правата на самохраните мајки „Една може!“ бара од надлежните органи, националните институции, одлучувачките тела и локалните самоуправи, а во овој период и од Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министерството за труд и социјална политика, да се реши проблемот на самохраните родители од кои во најголема мера се жените самохрани мајки кои секојдневно се среќаваат со непремостливи проблеми, а посебно се погодени и под висок ризик, од почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19.
„Имено, како ранлива група ретка е можноста нашите деца да ги чуваат нашите родителите, некои ги имаат, некои не, некои пак се дискриминирани и од самите родители и немаат нивна поддршка. Сепак, станува збор за две ранливи групи (мали деца и стари лица) каде што согласно препораките за заштита од коронавирусот, посебно е нагласено дека меѓусебно не треба да се мешаат.
Алтернативни решенија за згрижување на нашите деца немаме, имајќи предвид дека градинките и центрите за деца кои вообичаено ги згрижуваат децата до 10 – годишна возраст во летниот период се затворени. И покрај тоа, ние мораме да одиме на работа, бидејќи како еднородителски семејства тоа е нашиот единствен извор на егзистенција, но згрижувањето на нашите деца е неизвесно. Со тоа, нашите семејства стануваат критични семејства со зголемен потенцијален финансиски и здравствен ризик, посочуваат од Здужението „Една може!“.
Дел од нив бараат да продолжи да важи мерката, исто како и за родителите, чии деца одат во градинка и не се опфатени со најновата мерка – враќање на работа, според одлуката на 65-та седница на Влада.
Од здружението велат дека секое еднородителско семејство треба да си направи најсоодветен избор: дали сака да користи мерка за ослободување од работа или сака да избере паричен државен трансфер со конкретна намена „обезбедување негувателка“ за сите кои имаат потреба од вакво нешто.
„Следното неопходно во кое силно веруваме дека е потребно е даночно ослободување и намалување на комунални трошоци за секое еднородителско семејство. Со само еден потег би се решиле неколку проблеми од суштинско значење: децата ќе бидат згрижени, ние ќе можеме да имаме пристап до работните позиции и да обезбедуваме егзистенција и ќе се отворат работни позиции кои и те како се неопходни во овој период, вели Дороти Пачкова, претседателката на „Една може!“ и родова експертка.
Од „Една може!“ алармираат на неповолната средина за развој на сите членови на овие семејства, во земјата,која Ковид-19 ја воочи уште повеќе. Постојаната работа на терен, во поддржувачка мисија кон овие семејства забележува
„Останати се без работа голем број од жените кои биле дел од неформалниот пазар на труд, дополнително се врзани за домашниот простор и оневозможен им е пристапот кон јавните сфери поради целодневни, континуирани ангажамни околу децата, а тие се или поточно биле единствениот извор на приходи во овие семејства.
Ние ги поддржуваме колку што можеме со донациски пакети, правна поддршка за аплицирање на Владините мерки, кои во мал опфат им се достапни и секако ги упатуваме кон психотерапевтска поддршка која и те како ни е неопходна на сите. Останатото кое го правиме е застапување и лобирање кон одлучувачките тела, за вклучување на целната група во вонредните мерки,“велат од здружението.
Затоа, велат од таму, нека биде и ова апел за неоходност од повеќекомпонентна можност за секое еднородителско семејство да си направи најсоодветен избор: дали сака да користи мерка за ослободување од работа или сака да избере паричен државен трансфер со конкретна намена „обезбедување негувателка“ за сите кои имаат потреба од вакво нешто. Следното неопходно, во кое силно веруваме дека е потребно, е даночно ослободување и намалување на комунални трошоци за секое еднородителско семејство.
Еднородителските семејства се неизбежна единка од општеството, која еднакво придонесува за истото, како и двородителските семејства со двојно вложен труд. Затоа, маргинализацијата, деградацијата и дискриминацијата за еднородителсите семејства треба целосно да се искорени, велат од “Една може!“