НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една пациентка со пукнатина на черепот, останатите повредени во сообраќајката во Прилеп се надвор од животна опасност

0
By НОВА ТВ Balaban on May 3, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прегледаните се со набиеници и лесни повреди, а во болницата се наоѓаат оние коишто ги чекаат рентген-снимките, другите се на домашно лекување, изјави Смилеска.

Меѓу патниците во сообраќајката што утринава се случи во Прилеп нема пациенти со тешки повреди, ниту е загрозено нивното здравје, тие се здобиле со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница каде од изутрината се згрижуваат патниците од автобусот кој при судир со друг автобус удри во столб во прилепската населба Точила.

– Една пациентка се здобила со мала пукнатина на черепот и таа ќе биде задржана на опсервација во наредниве два дена, потврди за НоваТВ директорката на прилепската болница, Кети Смилеска.

Директорката Смилеска изјави дека од сообраќајната незгода во болницата првично биле донесени 20 пациенти, а потоа доаѓале и други кои имале лесни повреди.

– Во утринските часови, со екипите на итната помош во прилепската болница се донесени 20 пациенти од сообраќајната несреќа што се случила денес при судир на два автобуси. Од овие 20 пациенти, 8 се на максилофацијална хирургија каде се извршени одредени мали интервенции, неколку пациенти се на ортопедија и на хируршкото одделение. Дел од пациентите, поточно седум сѐ уште чекаат резултати од рентген снимките, една пациентка има повреди на черепот и е задржана поради опсервација и следење на нејзината состојба. Другите пациенти се пуштени на домашно лекување. Доаѓаат и други пациенти со мали повреди и поради следење на нивната состојба, тие се примаат на преглед, а и од нив нема некои со потешки повреди. Сите пациенти кои се обратија во болницата се надвор од животна опасност, немаат сериозни повреди за загрозување на нивниот живот. Во болницата се оние кои ги чекаат рентген-снимките, другите се пуштени на домашно лекување, изјави Смилеска претходно за MИА.

Од прилепското јавно обвинителство информираат дека несреќата се случила изутрината околу шест часот кога дошло до судир на два автобуси. Едниот автобус бил без патници, а другиот кој се удрил во бандера бил полн со работнички кои требаше да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

 

несреќата Пациентка Прилеп пукнатина черепот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.