Едно лице загина во ноќешниот руски напад врз Кијив и Кијивскиот регион, додека 24 лица се повредени, вклучувајќи и десетгодишно дете, објави началникот на воената администрација на Кијив, Тимур Ткаченко.
Во шест часот утринава беше потврдено дека бројот на повредени во Киев се зголемил на 24, објави Државната служба за вонредни ситуации, наведувајќи дека повеќе од 40 лица се спасени, објави Укринформ.
Во Киевскиот регион се регистрирани повредени и значителна материјална штета.
Во неколку реони на Била Црква избувнаа пожари во приватни куќи, а се запали и магацин, додека во Обухиво се запали автомобил.
Бројни пожари и штети на згради се регистрирани во самиот Кијив.
Урнатини имаше во вкупно осум региони.
Оштетени се станбени згради, медицински установи, нестанбени згради и автомобили, а во неколку случаи избувнаа пожари.

