Најмалку едно лице загина, а едно е сериозно повредено во лавина која се случи денеска на Австриските Алпи, јавува Австриската агенција АПА.
Како што јавува агенцијата, до несреќата дошло на пладне, кога осум лица кои ја искачувала планината, во близина на селото Обергургл биле зафатени од лавина.
Несреќата ја пријавиле две лица кои не биле повредени.
Скијачот кој се здобил со сериозни повреди со хеликоптер бил пренесен во болница.