Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едуард Филип е новиот премиер на Франција

0
By Светлана Јовановска on May 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едуард Филип е името на новиот премиер на Франција. Новата влада ќе биде именувана утре.

Претседателот Емануел Макрон чекаше десет дена од победата на изборите за да ги именува премиерот и новата француска влада.

Филип има 46 години, дипломиран од високата Национална школа за администрација, факултетот од кој излегуваат најголемиот број француски политичари.

Според портпаролот на Макрон двајцата политичари се согласуваат за многу прашања и се почитуваат.

Филип во младоста бил член на социјалистичката партија и близок до тогашниот премиер Мишел Рокард. Но, ја напушта партијата кога тогашниот пртседател на државата Франсоа Митеран му врти грб на Рокард. Филип бил разочаран од сите манипулации кои ги видел во оваа партија и одлучува да си замине.

Тој потоа станува близок со Ален Жупе и влегува во десничарската партија УМП која подоцна го смени името во Републиканци.

Филип е роден во Нормандија и беше градоначалник на Ле Хавр. Неговите родители биле професори по француски и со нив живеел и во Германија каде одел во гимназија.

Еден од неговите соученици од факултетот велат за него дека е «вистински центрист, симпатичен и духовит, пријател и со луѓето од десницата и со тие од левицата».

На почетокот на оваа изборна кампања тој застана до Франсоа Фијон но откако избија скандалите за семејните вработувања на Фијон тој одлучи да се повлече.

Филип се занимавал и со новинарство а има напишано и два романи – «Часот на вистината» во 2007 година и «Во сенка» во 2011 година. Двата романи се политичка фикција.

Француските медиуми потсетуваат дека Филип немал секогаш убави зборови за Макрон: «За некои, импресионирани од неговата моќ на атракција и неговата реформаторска реторика, тој е наследник на Кенеди и Мендес Франс. Првиот имаше повеќе каризна а вториот повеќе принципи», напиша Филип за Макрон во Либерасион во јануари 2017 година.

Но тоа не го спречува да има почит кон Макрон па така во септември 2016 година напиша дека Макрон е симпатичен и исклучително интелигентен: «Ставовите на Макрон и моите се совпаѓаат во 90 отсто случаи», напиша Филип пред повеќе од една година. Овие негови ставов иго ослободуваат од сомненијата дека е опортунист кој се доближил до Макрон кога сфатил дека тој ќе стане претседател.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.