Свиркачот од НСА, Едвард Сноуден рече дека тој е почестен откако студентите на Универзитетот во Глазгов гласаа за него да служи како нивен ректор за следните три години, јавува Гардијан.
Во изјавата за Гардијан, Сноуден ја опиша како храбра и историска одлуката за поддршка на академската слобода.
“Во еден свет каде што толку многу од нашиот развој, размислувања, барања и планови мора да бидат доверени на отворениот интернет, масовниот надзор не е едноставно прашање на приватноста, туку на академската слобода и човековата слобода”, рече Сноуден.
Гласањето е чисто симболично, бидејќи Сноуден е малку веројатно дека ќе биде во позиција да работи како ректор, исто така нема да може да ги претставува студентите на состаноците на администраторите на Универзитетот.
Тој е баран од страна на САД за протекување на десетици илјади документи на новинарите и му е одобрен привремен азил во Русија.

