Париз: Египќанецот Халед ел Енани денеска е формално избран за генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој ќе ја замени Французинката Одри Азулеј.
Со формалното гласање потврдена е одлуката од 6 октомври на Извршниот одбор на УНЕСКО, кој ја препорача кандидатурата на Ел-Енани пред Конгоанец Фирмин Едуард Матоко со убедливо мнозинство од 55 гласа „за“ и два „против“.
Ел Енани (54) е поранешен министер за туризам и антиквитети, египтолог по образование. Toj е првиот генерален директор на УНЕСКО од арапска земја и само вториот Африканец што ја извршува оваа функција по Сенегалецот Амаду Матар Мбоу (1974 – 1987).
Тој ќе ја преземе функцијата кон средината на ноември и најави дека ќе се стреми да ги врати САД во УНЕСКО. Администрацијата на Доналд Трамп, која веќе ја повлече земјата за време на неговиот прв мандат, го обвинува УНЕСКО за антиизраелска пристрасност.

