Најмалку 49 лица загинаа, а 247 се повредени во насилството по повод одбележувањето на третата годишнина од револуцијата на 25 јануари, со која падна долгогодишниот диктатор Хосни Мубарак, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на египетските државни медиуми.
Повеќе десетици луѓе беа повредени во судирите низ целата земја меѓу антивладините демонстранти и силите за безбедност. Бројот на загинати дојде од Министерството за здравство, пишуваат државните медиуми.
Алијансата против државниот удар , која го поддржува соборениот претседател Мохамед Морси, тврди дека девет лица биле убиени во по жестоки конфронтации. Оние смртни случаи беа во Алфа Маскан населбата во Источен Каиро, соопшти Алијансата.
Во меѓувреме, про-Морси демонстрантите пуштаат предупредувања на социјалните медиуми против користење на јавните амбуланти. Ова може да го комплицира броењето на жртвите, бидејќи Министерството за здравство објави само за смртни случаи во јавните болници.