Шест Египјани се убиени, а 11 ранети во нападите на полициската станица и контролните и воените пунктови на Синајскиот Полуостров во близина на границите на Египет со Израел и Појасот Газа. Во акциите на екстремистите од соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси, на Синај се убиени најмалку 20 луѓе.
Двајца цивили, двајца воени офицери и двајца полицајци се убиени во нападите кај Северен Синај, во градовите Рафаџ и Ел Ариш, пренесува агенцијата Ројтерс.
Најновите напади на полициската станица и контролните и воени пунктови се најлоѓите овој месец.
Инаку, насилството ескалираше по соборувањето на првиот египетски претседател избран на избори, исламистот Мухамед Морси.
Од 3 јули, екстремистите во неколку наврати ги напаѓаа контролните пунктови и убија најмалку 30 луѓе.