Привремената влада на Египет го именува Муслиманското братство како „терористичка организација“. Овој потег доаѓа еден ден откако владата, поддржана од армијата, ја обвини организацијата за бомбардирањето на полициската станица во кое загинаа 14 луѓе.
Соопштението за одлуката на египетската Влада за Братството е објавено на државната телевизија
„Владата беше под голем притисок за ваков чекор“, пишува „Ал Џезира“.
Повремената влада исто така забрани стотици невладини организации поврзани со групата.