Стотици новинари-се собраа во Лондон за да протестираат против затворската казна од седум години на три новинари на Ал Џезира во Египет.
Судот во Каиро ги прогласи за виновни за ширење на лажни вести австралискиот новинар Питер Грест, потоа канадско-египетскиот новинар Мохамед Фахму и египетскиот продуцент Бахер Мохамед.
Тројцата новинари го негираат обвинението и се очекува да поднесат жалба.
Претседателот на Египет Абдул Фата ал-Сиси во вторникот изјави дека нема да “се меша” во судството кое тој го опиша како независни.
Претходно, министерката за надворешни на Австралија Џули Бишоп изјави дека Канбера ќе работи со египетската влада да се обиде да обезбеди ослободување на Гресте што е можно поскоро.