Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Егзит“ хепенинг вечерва во Струмица во рамки на регионалниот Фестивал на храна и вино во „Отворен Балкан“

0
By Sashko on September 7, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. По успешната реализација на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој од 1 до 4 септември се одржа во Белград, во Струмица продолжува промоцијата на најдобрите вина и највкусната автентична храна од земјава. 

Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација „Егзит“ во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг „Get EXITed“ каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна ено-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците на СОУ „Димитар Влахов“ од угостителско -туристичката струка, профил готвач, кои заедно ќе подготвуваат локални специјалитети.

Дел од саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи.

Во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е програма проследена со концерти кои ќе траат од 19 до 4 часот.

Регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица, кој се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан, претставува одлична можност за уживање во сортните македонски вина, автентичната македонска храна и светските музички ноти.

На големата „Get EXITed“ забава вечер во Градскиот парк во Струмица ќе настапат возбудливите имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар. Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.