Брисел: Бугарија не ги исполнува целите за ценовната стабилност туку само три од критериумите од Мастрихт за влез во еврозоната, се наведува во извештајот на Европската комисија претставен денеска.
Извештајот ја испитува подготвеноста на уште пет земји кои имаат законска обврска да влезат во еврозоната – Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.
Од Комисијата прецизираат дека ниту една од споменатите земји не е подготвена за воведување на еврото.