НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК до земјите членки: Нема европски пари без правна држава

0
By Светлана Јовановска on May 2, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без почитување на правната држава, нема пари од ЕУ. Ова е пораката што до земјите членки на ЕУ ја испрати Европската комисија (ЕК) презентирајќи го, во Европскиот парламент (ЕП), првиот пост-Брегзит буџет на ЕУ за периодот од 2021 година до 2027 година.

Според ЕК, автор на буџетот, станува збор за ”прагматичен и модерен буџет” со сума од 1.279 милијарди евра, буџет поголем од претходниот ( 1.087 милијарди за 2014 година до 2020 година) и покрај тоа што Велика Британија ја напушта Унијата.

Предлог без преседан

Големиот новитет во овој буџет, предлог без преседан, е врзување на буџетот со почит на владеење на правото за земјите членки. Накусо, ако некоја земја членка ја нарушува правната држава, таа нема да добие европски пари. Јасно е дека во креирањето на оваа мерка Комисијата ги имала на ум Полска и Унгарија и нивните влади кои се предмет на остра европска критика поради газењете на демократските принципи и вредности во нивните земји.

Повеќе земји членки бараа во буџетот да биде внесен овој нов механизам со оглед на досега неуспешните обиди на Брисел да ги натера Варшава и Будимпешта да се откажат од реформи со кои судството, медиумите и граѓанското општество се ставаат во служба на владата.

Така, “почитувањето на правната држава е неопходен предуслов за здраво финансиско раководење и примена на буџетот. Оттука, ние предлагаме нов механизам кој ќе дозволи заштита на буџетот во функција на ризиците поврзани со правната држава”, изјави претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер пред пратениците.

Доколку ова биде одобрено од земјите членки и ЕП, новиот механизам ќе и дозволи на ЕУ да ги суспендира, скрати или ограничи пристап до парите на ЕУ според природата и сериозноста на нарушувањето на правната држава.

Механизмот треба да биде одобрен од земјите членки со “превртено квалификувано мнозинство” што значи дека треба да има 255 гласа за да се отфрли предлогот на ЕК за овој механизам. Со оглед на процедурите во гласањето на земјите членки, ќе биде многу тешко да се соберат овие 255 гласа па така Комисијата е речиси сигурна дека овој предлог ќе биде усвоен.

Првата реакција веќе стаса од Полска. Заменикот министер за европски работи на Полска, Конрад Шимански, изјави дека неговата земја не го прифаќа овој «арбитрарен механизам кој од раководењето на европските фондови ќе направи инструмент за политички притисок».

А проширувањето кон Балканот?

Овој седумгодишен буџет не предвидува ставка за проширување кон Западниот Балкан иако првиот човек на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека во 2025 година Србија и Црна Гора или некоја друга балканска земја би можеле да станат членки на ЕУ.

Во новиот Нацрт-буџет за периодот 2021-2027 се предвидени се 14,5 милијарди евра за претпристапните фондови (ИПА) за земјите кандидати и аспиранти за членство во ЕУ, но не и средства за прием на нови земји членки. Во претходните буџетски периоди Унијата за претпристапните фондови издвојуваше околу 11 милијарди евра

Еврокомесарот за буџетски прашања, Гинтер Етингер потврди дека со буџетот не е предвидено ниту едно евро за можни нови земји членки.

– Ако биде примена нова земја, ќе можеме да ги користиме индикаторите и да ја зголемиме сумата која сите ја плаќаат како што направивме со Хрватска, изјави Етингер.

Петкратно зголемување на буџетот за заштита на границите на ЕУ

Помеѓу другите новитети во овој буџет кратењето на парите за земјоделската политика за 6 отсто и на парите за регионите за 8 отсто од кои најмногу корист имаат новите источни земји на ЕУ. На овие две ставки сега одат 37 и 35 отсто од буџетот на ЕУ.

Новиот буџет предвидува повеќе пари за дигиталната економија, истражувањето или студентската програма Еразмус.

Впрочем, новиот механизам за заштита на правната држава, Брисел предлага кратење на парите за државата но не и за студентите, истражувачите или невладините организации од таа држава.

Големи корисници на новиот буџет ќе бидат заедничката одбрамбена политика која ќе добие 13 милијарди евра и миграцијата.

Така, за заштита на надворешните граници и миграцијата, Комисијата предлага големо зголемување на буџетот кој ќе се зголеми од 13 на 34,9 милијарди евра.

Предлогот влегува во долга дебата која ќе трае барем една година. Комисијата би сакала новиот буџет да биде усвоен пред идните европски избори закажани за јуни 2019 година. Заминувањето на Британците остава “дупка” од 12 до 14 милијарди евра па оттука предлогот за кратење на земјоделскиот и регионалниот фонд. ЕК би сакала 27те земји членки да прифатат зголемување на нивните придонеси во заедничката каса. Во моментов секоја земја издвојува 1 отсто од својот бруто национален приход. Комисијата предлага тој процент да изнесува 1,11 отсто.

 

 

Европска комисија европска одбрана ЕУ буџет заштита на надворешните граници на ЕУ земји членки на ЕУ пост-Брегзит буџет правна држава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.