Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Економскиот раст на Северна Македонија со позитивни изгледи, да се внимава на ризиците

0
By Нова ТВ on July 11, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишната анализа на Европската комисија за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ покажува позитивни трендови за Северна Македонија и го привлекува вниманието на сите чинители кон предизвиците.

Европската комисија констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни.

– Благодарение на силниот извоз и силната домашна потрошувачка, бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 2,7 отсто во 2018, стои во годишниот извештај за Економската реформска програма (ЕРП) на Еврокомисијата.

Очекувањата се дека економијата ќе продолжи да расте од 3,2 отсто во 2019 до 5,1 отсто во 2021, пред сѐ благодарение на домашната побарувачка. Меѓутоа, предупредува Еврокомисијата, надворешните околности би можеле да се влошат повеќе од очекуваното, со што се става во опасност оваа оптимистичка прогноза.

Притоа постои ризик увозниот раст да се зголеми повеќе од планираното поради зголемена домашна побарувачка, додека пак прогнозите за инвестициите можат да бидат доведени во прашање поради слаба имплементација на планираните инфраструктурни проекти и нискиот импакт на зголемената финансиска поддршка за приватни инвестиции, стои во годишната проценка на Европската комисија.

Во однос на фискалната стабилизација, Комисијата смета дека дел од мерките можат да бидат недоволни на долг рок, пред сѐ поради ризиците поврзани за нивната имплементација.

– Зацврстувањето на фискалната одржливост би барала дополнителни напори за мобилизација на приходите и промена на политики кои носат заштеда, вклучително и пензискиот систем, стои во извештајот.

Европската комисија смета и дека е потребен поголем надзор врз растечкиот долг на јавните претпријатија, кои работат надвор од рамките на владиниот фискален режим.

Клучните предизвици, според Комисијата, се стабилизацијата на јавниот долг преку намалување на примарните дефицити, истовремено зачувувајќи го растот и поттикнувајќи капитални трошоци.

Европската комисија, меѓу другото, предлага мерки за подобрување на наплатата на приходи и намалување на даночните изземања, како и потранспарентна рамка за државната помош и дополнителна реформа на пензискиот систем. Истовремено, европската извршна власт предупредува дека овие фискални реформи не смеат да се одвиваат на штета на инвестициите во јавната инфраструктура и образованието.

Во однос на образовниот систем, според Комисијата, потребна е темелна реформа на секој степен, вклучително и неформалното образование, со цел подобрување на состојбите за ранливите категории, како жените, одредени етнички заедници и одредени региони кои постојано се соочуваат со високо ниво на невработеност. Земјата има проблем и со ниското ниво на квалификација на работниците, кои поради тоа не успеваат да најдат работа и се повеќе склони кон емиграција.

Неформалниот сектор, исто така, продолжува да претставува опасност за економијата и за бизнис климата, смета Комисијата, бидејќи тој создава нефер услови на конкурентност и ги ограничува можностите на легалните бизниси да се развиваат и инвестираат во развој, иновација и продуктивност. Освен тоа, непријавените приходи и работа ја оштетуваат економијата и ги намалуваат можностите и условите на вработување, како сигурноста и безбедноста. Еврокомисијата е свесна дека ова прашање е посебно деликатно и дека ќе бидат потребни внимателно осмислени мерки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.