Европската комисија ќе продолжи да ги набљудува Бугарија и Романија преку механизмот за соработка и проверка, изјави еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.
Европската комисија во јули минатата година констатира пропусти во набљудуваните области како што се борбата со организираниот криминал и корупцијата, поради што подготви извештај.
„Извештаите се средство за реформи и многу од препораките на ЕК се реализирани од Софија и Букурешт.
– Ќе продолжиме одблиску да ги набљудуваме реформите во Бугарија и во Романија, да им помогнеме на двете страни за да ги постигнат целите на механизмите, изјави Филе.