Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК најави амбициозен план за економска реформа на Балканот

0
By Светлана Јовановска on February 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) одлучи да почне со нов пристап за помош на економиите на Балканот. Оваа иницијатива денес ја најави комесарот за проширување Штефан Филе од Лондон, каде што беше еден од главните учесници на конференцијата на Европската банка и реконструкција и развој.

На оваа конференција учествуваше и премиерот Никола Груевски заедно со другите премиери на земјите кои се надеваат на влез во ЕУ.

ЕК смета дека ниту една балканска земја не е функционална пазарна економија.

“Невработеноста насекаде во регионот е висока. Особено кај младите. Јавните дефицити и нивоата на долгови се зголемуваат”, рече Филе додавајќи дека “пречка за компетитивноста е често политизацијата на одлуките кои треба да биде пазарно раководени”. Оттука потребни се кредибилни реформи кои треба да ги поддржат и приватниот и јавниот сектор.

Според Филе, целта на овој нов пристап, кој беше најавен и во октомврискиот годишен извештај за напредок на Балканот кон ЕУ, е поддршка за земјите кои сакаат да отворат работни места и да го зајакнат развојот. ЕК смета дека и балканските земји треба да го искористат искуството на земјите од ЕУ: “Ние имаме искуство – сакаме и вие да го искористите веднаш”, рече Филе.

Според планот на ЕК, потребна е реформа на јавните финансии, институциите на пазарот на работна рака и на административните товари кои му пречат на бизнисот а потребно е и вистинско инвестирање во образованието. Сето тоа не може да се спроведе без правна држава која ќе им даде доверба на инвеститорите.

Прво, за инвестиции, потребна е макроекономската, даночна и финансиска стабилност. ЕК сака да влезе во структурни реформи со балканските земји за да постигне бараното. Сето тоа заедно со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да се донесат препораки за секоја земја кои ќе бидат еден вид водич за реформи.

Од секоја земја ќе се бара да направи нацрт план за менаџирање на јавните финансии кој може да биде поддржан од страна на ЕК.

Потоа, од секоја земја ќе се очекува да даде, секоја втора година, своја анализа за структурните реформи за најважните сектори како транспортот, енергија и образованието.

Ова, вели Филе, ќе биде патоказ за инвеститорите како и каде да го вложат своите пари.
Комесарот Филе побара од премиерите на Балканот да го прифатат планот на ЕК за да ја подобрат ситуацијата во нивните земји.

Повеќе детали за планот се очекуваат утре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.