Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Не е време за политички дијалог со Македонија ниту за министерски посети

0
By Светлана Јовановска on May 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за проширување Штефан Филе одлучи засега да не доаѓа во посета на македонското раководство и да ја откаже посетата која EK ја планираше за јуни, дознава НОВА од дипломатски извори во Европската комисија (ЕК).

Посетата за комесарот не беше прецизно закажана но идејата беше да се дојде во посета и да се разговара со македонското раководство веднаш по завршувањето на изборите и конституирањето на Собрание и новата влада. Истовремено ЕК сметаше дека тоа ќе биде добар момент да се најави почетокот на уште еден дијалог со Македонија, од типот на претходниот Висок политички дијалог кој претставува еден вид вовед во можни идни преговори за членство во ЕУ.

Меѓутоа, изборите во Македонија, според извештаите на домашните и меѓународните набљудувачи, сериозно ги разочараа европските дипломати кои сметаат дека комесарот Филе засега нема што да прави во Македонија. Наместо тоа, тој вчера го прими во работна посета претседателот Ѓорѓе Иванов на која, вели европски извор, му било посочено дека ЕК инсистира на тоа дека раководството мора да се фокусира на реформите и пред се – слободата на медиумите. ЕК се надева дека Иванов примените пораки ќе и ги пренесе во владата и дека, смета ЕК, било добро, и тој самиот да иницира чекор кој би можел да и помогне на земјата.

Во соопштението на ЕК од средбата со Иванов се вели дека се разговарало за изборите и препораките на ОБСЕ за проблемите со медиумите и недостигот на одвојување на партијата и државата во процесот, критериуми на кои јасно се укажува во Копенхашките критериуми. Комесарот рекол дека е неопходен дијалог помеѓу сите политички партии во интерес на земјата. Филе исто така порачал дека е потребно да му се даде посебна важност на решавање на спорот со името поздравувајќи го напредокот направен со Бугарија.

“Не е време за Висок политички дијалог со Македонија ниту за министерски посети. Она што сега е важно е да се работи на најзначајните реформски точки. ЕК ќе инсистира на критичните точки на кои Македонија ќе мора да се посвети”, вели изворот на НОВА.

Тој додава дека комесарот одлучил да не оди во Скопје но тоа не значи дека ја заборава Македонија и дека “мора да постои ангажман и вистинската работа врз реформите особено во медиумската сфера”, инсистира нашиот извор.

Преведено од дипломатски јазик, откажувањето на комесарот да патува во Скопје и да започне нов Висок политички дијалог, значи дека ЕК видела дека изборите во Македонија не беа на доволно демократско ниво и дека политичките случувања не одат во добра насока. Оттука, комесарот Филе реши да не доаѓа во Скопје избегнувајќи со тоа заедничко појавување на прес конференции и фотографирање со македонското раководство кое би можело да биде лошо протолкувано.

Според информациите на НОВА, споменувањето на Копенхашките критериуми за изборниот процес е прв политички предупредувачки чекор кон македонското раководство. ЕК се надева дека тоа ќе и се посвети на демократијата во земјата. Во спротивно, вториот чекор би можел да биде одземање на препораката за старт на преговори за членство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.