Најавите на ЕК дека за непочитување на договорот од страна на компанијата „Астра Зенека“ ќе поднесе тужба и ќе бара судска разврска се остварија.
ЕК потврди дека во петокот е поднесен ваков документ бидејќи компанијата не ги испочитувала точките од договорот со кој се предвидуваше за ЕУ да бидат обезбедени 300 милиони вакцини и уште дополнителни 100 милиони од овој производител.
Компанијата не успеа да ги обезбеди договорените дози, а со тоа предизвика и криза во ковакс механизмот, односно доцнење на распределбата на вакцини за земјите кои чекаа на овој механизам.