Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Препораката е условена, Македонија во ќор-сокак

0
By Светлана Јовановска on October 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и оваа година ја задржува својата препорака за почеток на преговори за членство, вели висок европски функционер. Извештајот ги употребува зборовите “ќор-сокак” и “назадување” и ја повикува владата да ги реши итните реформи. Препораката што ќе биде објавена утре е условена со напредок во независноста на судството и слободата на изразувањето.

За Европската комисија (ЕК) оваа условена препорака е “одлучен чекор за да се решат прашањата на засилената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето за да може препораката да остане одржлива и во наредните години”, е точната формулација на утрешниот извештај за нашата земја која НОВА успеа да ја прочита.

Поради кумулативниот напредок во минатото, земјата се уште ги исполнува Копенхашките критериуми, вели извештајот.

Брисел во утрешниот извештај, од Македонија и Албанија бара заедничка одговорност и на владата и на опозицијата за да се работи во демократски институции. ЕК смета дека не е добро за демократијата што опозицијата не е во инстутициите и што делува на улица.

На крајот на петгодишниот мандат на комесарот за проширување Штефан Филе, Европската комисија (ЕК) смета дека состојбата во Македонија упорно се влошува и уверена е дека решавањето на спорот со името може да донесе напредок во земјата. Но, за жал, високиот функционер со кој разговаташе НОВА тврди дека оваа институција “не е многу добра за решавање на билатералните прашања помеѓу земјите членки и кандидатите”.

“Не сме екипирани за тоа. Но билатералниот спор треба да се реши. Треба да се гледа како да им се промогне на двете страни и како кандидатот да го решава прашањето на конструктивен начин. Треба да најдеме начин како да им помогнеме на ОН и на другите институции кои тука можат да помогнат.

Во тој процес со Македонија во ОН, кој трае веќе 19 години, мислам дека е легитимно да се постави прашањето што е тоа што не е добро во преговачката рамка и дали треба да најдеме нов момент во тие преговори. Да најдеме дипломатска верзија на она што е напишано во извештајот и препораката.

ЕК не е причина што не е најдено решение за спорот со името. ЕК не е причина што има назадување во реформите. Назадување и ќор-сокак се зборовите што ќе ги најдете во извештајот за Македонија. Ние не сме одговорни за двете големи кризи во Македонија. Ние бевме тие кои најдовме решение за првата криза со договорот од 1 март 2013 година. Ние не го натеравме ОБСЕ по трет пат да каже дека има сериозни проблеми во изборите, и законодавни и процедурални проблеми.

Веќе пред две години во 2012 година ја воведовме идејата дека спорот за името може да биде решаван во рамки на самите преговори и со тоа да креира елан за Скопје за да се реши спорот. Истовремено тоа ќе креираше гаранции за сите земји членки, не само за една земја членка, дека процесот на пристапување ќе продолжи само ако има принципиелен договор за името. Ја презентиравме оваа и други идеји на земјите членки.

Всушност презентиравме цел пристап за процесот на пристапување. Немаше позитивни реакции од земјите членки на нашите препораки кои можеа да имаат позитивно влијание врз реформите и стабилноста на земјата и на целиот регион а тука не смее да се заборават и меѓуетничките односи во земјата. Јасно ставивме на знаење дека влезот на земјата во НАТО и ЕУ е лепакот кој може да го задржи двете заедници заедно.

ЕК излезе и со идејата за Висок политички дијалог. Се обидовме да и објасниме на земјата дека отсуството на решение за името не е извинување да не се реформира. На крајот, земјата е таа која треба да ги искористи можностите кои и се пружаат и да си помогне самата себе си”, вели нашиот висок и добро информира извор во ЕК.

Според него “во наредните пет години ЕК нема никакви шанси да ги реши спорот. Но, земјите членки имаат многу шанси да го решат спорот”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.