НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еколозите од Вила Зора:И покрај забраната, Варницата работи и загадува

0
By Нова ТВ on October 24, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екологисти од ЕД „Вила Зора“  ги потсетуваа надлежниот државен инспекторат и Министерството за животна средина  дека и покрај забраната за работа поради  одземања на А интегрираната еколошка дозвола фирмата „Техно Павер“, која стопанисува со Варницата, повеќе од четири и пол месеци  продолжува противзаконско работење, односно со  загадување на воздухот на  двете велешки населби Тунел и Превалец каде и е лоцирана.

Исто така, преку испусниот канал од Варницата, таа многу често ја побелува реката Тополка и прави масовeн помор на рибите и останатиот жив свет во реката.

Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“  во името на граѓаните кои секојдневно повеќе од година и пол  алармираа до  нив  за тешката состојба односно презагадениот воздух  со бела прашина кој им го отежнува дишењето,  апелира до надлежните  итно да преземат мерки и да ги заштитат од загадувањето.

Во спротивно од името на граѓаните, јавно најавува дека  ќе преземат радикални мерки- односно  масовни протести на искажување граѓанска непослушност  по велешките улици.

Пративме повеќе претставки  до надлежниот Државен  инспекторат за животна средина и Регионалниот и до Министерството за животна средина, но освен инспекции, евидентирање и бројни ветувања од нив,конкретни мерки се уште  нема, потенцира Коциќ.

Градоначалникот Аце Коцевски неделава повторно преку прес конференција реагира до централната власт и инспекторатот итно да го принудат загадувачот да преземе мерки и да го спречи загадувањето на  воздухот и водата.

Тој потсети дека иако Варницата е во Велес, бидејќи имала А интегрирана еколошка дозвола е под ингеренции на централната власт.

Коцевски потенцира дека како градоначалник е должен да инсистира да се преземат неопходните мерки за заштита на граѓаните и животната средина.

Воедно информира дека  до надлежното Министерство за животна средина барал спроведување на законот, но  и дека тие и покрај тоа се уште  не презеле ништо да го принудат загадувачот да ги заштити  жителите од понатамошно  загадување.

– Се прашуваме како Варницата работи? Моите сознанија се дека  работат бесправно  и незаконски, бидејќи пред четири и пол месеци им е одземена  А интегрирана еколошка дозвола.Јас немам  ништо против работењето на фабриката, бидејќи  таму егзистираат наши сограѓани, но тоа не смее да биде на сметка на здравјето на луѓето и не’ на сметка на загадување на животната средина, вели Коцевски.

Тој најави дека ќе продолжи со разговорите со централната власт, за итно  преземање на потребните  мерки за  фабриката да продолжи  да  работи, но само   законски и да не загадува.

– Ние будно ќе ја следиме состојбата и ќе ја информираме јавноста за сите понатамошни мерки, а очекуваме во постапката за добивање А интегрирана еколошка дозвола и согласно законот да биде вклучена и Општина Велес, а не да биде заобиколена како претходниот пат, потенцира Коцевски.

Тој најави дека доколку не се преземат неопходните мерки, ќе застане на чело на граѓанските протести и акции за спречување на безаконското работење, а  се’ со цел како што рече работите  да се доведат како што треба.

Инаку, А интергрираната еколошка дозвола за работа на велешката Варница со која стопанисува „Техно Павер“ како што информира Коцевски по постапката што Општина Велес ја покренала пред Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен, како резултат на реакциите на велешката јавност, Министерството за животна средина и просторно планирање, на каменоломот  „Техно Павер“ за Фабриката во велешката населба Превалец, на 4 јуни годинава   ја одзема еколошката А интегрирана еколошка  дозвола за работа.

Оттогаш со исклучок на еден мал ремонт на сепарацијата, Варницата продолжи со бесправно работење и се уште работи без прекин и продолжува да загадува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.