Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Економијата заздравува, буџетот стабилен – 2021 година на економски раст

0
By Нова ТВ on April 8, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

2021 година ќе биде година на економско заздравување и раст. Тоа го навестуваат добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат. Ваква е оценката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев кој вели дека ваквите текови се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја следи бизнис логиката дури и во услови на криза.

Посочи дека владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии е амортизиран за 4,2 процентни поени и наместо пад од -8,7 отсто реалниот пад на економијата лани беше -4,5 проценти.

Премиерот потенцира дека согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата.

– Ние сме реални и свесни дека пандемијата трае. Фокусирани сме на заздравување на економијата и затоа постојано комуницираме со бизнис заедницата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Сепак петтиот пакет економски мерки кој требаше да даде ветер во грб за ваквите најави се уште е заглавен во Собраниските процедури од илјадниците амандмани поднесени од албанската опозиција која користејќи ја ситуацијата врши притисок да се реши проблемот на лицата без државјанство.

Позитивни тонови во таа насока стигнаа од претставниците на власта од каде соопштија дека за понеделник закажана е нова средба со претставниците на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а премиерот Зоран Заев рече дека на таа средба очекува да биде постигнат договор, а со тоа и деблокада на Собранието.

Во насока дека се навестува решение е и денешната изјава на министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека до 15 април очекува да легнат средствата на сметките на компаниите кои аплицирале за економска помош од државата за исплата на плати на работниците.

Бесими рече дека со наредната исплата ќе се ослободат средства за плати и за месец февруари и за месец март.

Меѓувреме со изјава излезе и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бесими кој најави дека Владата ќе усвои нови мерки со кои ќе се помогнат операторите кои поради одлуката за нивно затворање во наредните две недели ставија клуч на врата и трпат економски загуби.

Рече дека за споредба ќе се земат неколку месеци како репер за да може да се пресмета колку пари би заработило доколку би работеле и врз основа на тоа да им се исплатат средства за помош.

За рестораните кои организираат свадби рече дека се најзагрозени од сите угостителски дејности и посочи дека средства за нив ќе бидат опезбедени преку Ковид 4 програмата во форма на бескаматни кредити и грантови но истакна и дека ќе постои и опција за неповратни средства од државата секако доколку бидат исполнети одредени услови.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.