Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс претседателот на ДИК Чичаковски избран за судија во Управниот суд

0
By Соња Петрушевска on October 2, 2019 ПОЛИТИКА
Александар Чичаковски - претседател на ДИК
Александар Чичаковски - претседател на ДИК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Чичаковски, поранешниот претседател на ДИК е избран за судија во Управниот суд.

За Чичаковски гласаа 11 членови на Судскиот совет. Дел од членовите рекоа дека Чичаковски ,,покажал квалитети кога претседавал со ДИК“ и очекуваат тој одговорно да ја извршува и новата функција.

Пред изборот, членот на Советот Виолета Богојеска рече дека треба да се изберат судии кои веќе работат во Управниот суд. Досега во овој Суд се избираа лица без никакво искуство, а со новиот закон Управниот суд ќе треба да води и судски расправи.

-Како ќе водат расправа кога не знаат како изгледа едно судење“, рече Богојески. За две места во Управниот суд беа пријавени 31 кандидат.

Чичаковски заедно со останатите членови во ДИК поднесоа оставки откако во јавноста беше објавено дека на затворена седница си поделиле високи бонуси.

Ова е последниот избор за судии во Управниот суд по стариот Закон затоа што огласот беше објавен пред 25 мај кога стапи на сила новиот Закон. Со новиот Закон ќе се бираат судии со завршена Академија.

Освен Чичаковски, членовите на Советот ја избраа Елеонора Ајро за судија во Управниот суд.

Елеонора Ајро само што дипломираше на Академијата, но според ранг листата, таа требало да биде обвинител. Член на Судскиот совет рече дека завршената Академија не треба да биде пречка за изборот на  кандитката која од секогаш сакала да биде судија.

Судскиот совет претходно избра претседатели на десетина основни судови во државата. На нивно место повеќе месеци имаше в.д. претседатели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.