Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ексклузивно на НОВА- основните заклучоци на извештајот на ЕК

0
By Светлана Јовановска on October 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕК бележи дека на 24 декември дел од опозицијата и новинарите биле насилно отстранети од Собранието што довело до бојкотирање на оваа институција и закана за бојкотирање на локалните избори.

Репутацијата на земјата во слободата на медиумите е влошена. ЕК препорачува дека треба дијалог помеѓу новинарите и владата за да се дојде до промена на медиумската култура.

Во извештајот за напредокот на Македонија, по европскиот пат, Европската комисија (ЕК) констатира дека веќе 8 години нашата земја е кандидат за членство во ЕУ и дека препораката за почеток на преговори никако не успева да стане стварност. Исто така, вели ЕК, Македонија не успеа да влезе во вториот дел од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

ЕК не ја именува Грција како земја која не блокира во двата случаи но подвлекува дека земјите членки на ЕУ не ја донеле одлуката за препораките на ЕК. Заклучокот е дека Македонија мора да го реши спорот со името без одлагање.

Извештајот ќе биде објавен утре но Нова веќе ги пренесува основните точки од овој годишен документ кој ја анализира нашата земја.

Документот потсетува дека благодарение на Високиот политички дијалог помеѓу Македонија и ЕК земјата направила напредок кој ја овозможува да биде подготвена за преговори за членство. Но, овој дијалог не е замена за преговорите за членство.

Првата работа за која документот зборува е настанот на 24 декември. ЕК потсетува дека на овој датум дел од опозицијата и новинарите биле насилно отстранети од Собранието што довело до бојкотирање на оваа институција и закана за бојкотирање на локалните избори.

Но договорот од 1 март довел до политички договор за враќање на опозицијата во Собранието, учество на изборите, реформа на изборното законодавство и креирање на комисијата за 24 декември.

Според ЕК политичката волја довела до тоа дијалог и компромис. ЕК сега очекува овој договор да биде применет.

Во документот повторно се заклучува дека Македонија ги исполнува политичките критериуми на ЕУ. Според ОБСЕ изборите биле “професионално и ефикасно” изведени но се очекува понатамошна реформа на ова законодавство. Помеѓу 2004 и 2010 година земјата го исполнила најголемиот дел од судските реформи а нов прогрес е направен и оваа година.

Но, слободата на медиуми и натаму останува проблематичниот дел во извештајот на ЕК. Таа заклучува дека од 24 декември дијалогот со новинарите е закочен и дека репутацијата на земјата за слободата на медиумите е влошена. “Затворањето на различни медиуми во скоро минато доведе до редуцирање на различноста на мислењата кои треба да им се претстават на граѓаните”, вели текстот.

Помеѓу основните забелешки се наоѓа судството и неговиот недостиг на независност. “Корупцијата владее во многу области и останува да биде сериозен проблем”, вели ЕК и додава дека земјата мора да ги примени мерките за борба против овој феномен.

“Во слободата на изразувањето високиот степен на поларизација на медиумите, најчесто политичките линии, е тоа што е пречка за развој на објективно информирање”, вели ЕК. Таа додава дека има економски притисоци врз новинарите и медиумите, особено преку рекламирањето, што призведува лоши професионални стандарди. ЕК препорачува дека треба дијалог помеѓу новинарите и владата кој треба да биде повторно воспоставен и да донесе до конкретни резултати за да се дојде до промена на медиумската култура.

Во економскиот дел ЕК констатира дека земјата напредува кон пазарна економија.

Економската активност стагнирала во 2012 година но веќе на почетокот на 2013 година повторно тргнала напред. Но невработеноста останува многу висока.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.