Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти занемеа од ранг листата -најдобри лекари на Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on April 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарите со наведнати глави ја примија веста за изборот на ТОП 100 најдобро рангирани доктори во здравството за месец феруари. Не комeнтираат но, само велат дека не им е јасно според кои критериуми наградените лекари се нашле на листата на министерот Тодоров.

Според Дејан Ставриќ, прв човек на Синдикатот на клиниките и очен хирург, изборот на ТОП 100 најдобро рангирани доктори не е објективен и е направен според личен избор на министерството за здравство. Ставриќ објаснува дека на секоја клиника лекарите кои работат според проектот „плаќање по успешност“имаат коефициент единица, а еден од нив е избран.

Затоа прашува што повеќе направил, токму тој лекар што е награден за да се најде на листата на министерството за здравство.

-Изборот не е објективен и не знам по кој критериум е направена проценката, каде се тука останатите 7.000 лекари во здравството. Сметам дека ваквиот избор е направен според потребите на министертвото за здравство изјави за НОВА Ставриќ.

Експертската јавност не сака да ја коментира најновата одлука на министерството за здравство, според која лекарите што најмногу се залагале во работењето во месец феруари добија парична награда од 30. 000 денари, како и право на вршење на дополнителна дејност во која здравствена установа тие сакаат да прегледуваат приватно, надвор од работното време.

Неколкумина од експертите кои работат на оваа проблематика, за НОВА велат дека креваат раце од било каков коментар, бидејќи како што велат, што и да кажат веќе нема никаква смисла.

Тие велат дека сакаат да го постигнат ефектот власта да почуствува како е кога ќе изостане стручен став за секоја новонастаната ситуација, бидејќи очигледно државата сака граѓаните да го знаат она што тие им го сервираат.

Одлуката одби да ја коментира и самиот Владимир Лазаревиќ, еден од креаторите на реформите во здравството и поранешен заменик министер за здравство во една од претходните гарнитури поставени од оваа власт.

Лекарите пак, оние што денот го поминуваат во операцините сали или во амбулантите со пациентите,оние што се во првите борбени редови кога се спасува живот, денеска останаа со наведната глава. Не сакаа ништо да коментираат.

Единствено професорот, абдоменалниот хирург Милчо Пановски изјави дека ваквиот избор на Министерството не ја отсликува реалната слика.

-Власта прави театар и сама си избира доктори кои смета дека се најработливи, изјави доктор Пановски.

На крајот од првиот квартал, според проектот „плаќање по успешност“ не само што се наградени ТОП 100-те најдобри доктори кои стануваат дел од „Клуб -100 најдобри доктори“, туку се избрани и 10 најдобро рангирани доктори специјалисти кои се наградени исто како и останатите.

Она што е интересно е дека дел од лекарите кои се наградени од Тодоров, штрајкуваа токму против проектот „плаќање според успешност“. На новинарско прашање за ова, Тодоров кратко прокоментира.

-Не ме интересира нивната политичка припадност и дали штрајкувале или не, изјави Тодоров.

Според него, изборот е направен спрема воспоставени критериуми, бројот и типот на извршени интервенции, како и реализирани обуки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.