Автобусот кој експлодирал во градот Фундасион во северниот дел на Колумбија загинале 32 деца, а 23 се здобиле со тешки изгореници по телата. Тие веднаш биле пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба, поради што постои опасност бројот на жртвите да се зголеми.
„Поголемиот дел од патниците во автобусот, кои се враќале од црковна служба биле деца и тоа на возраст меѓу една и осум години“, изјави градоначалничката на Фундсион, Лус Стела Дуран.
Причината за несреќата засега не е позната. Дуран, повикувајќи се на тврдења на очевидец, рече дека возачот на автобусот, кој избегал по несреќата, превезувал контејнер со бензин.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос оцени дека трагедијата е страшна. „Земјата е во тага“, напиша тој на Твитер.