Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експлозии во Анкара

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турското министерство за правосудство и канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) во турската престолнина Анкара се нападнати со импровизирани експлозивни направи доцна синоќа, два дена пред најавениот прекин на огнот со курдските бунтовници.

Во нападот се оштетени прозорците на седмиот кат на зградата на партијата AKP, каде се наоѓа и канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а две направи експлодирале пред зградата на министерството за правосудство којашто е оддалечена од местото на првиот инцидент неколку километри.

„Не знаеме со сигурност кој стои зад нападот, меѓутоа имаме погруба слика…, има многу непријатели на демократијата, а ова претставува напад врз демократијата”, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Муамер Ѓулер. Додал дека премиерот Ердоган кој претходно во вторникот отпатувал во посета на Данска, е известен за инцидентот. Се претпоставува дека во барем едниот од нападите е употребено лесно анти-тенковско средство, пишува весникот Zaman.

Турската јавна телевизија прикажа снимки од местата на експлозиите на кои пристигнуваа возила на итната помош. Телевизијата CNNTurk јави дека најмалку две лица се повредени, пренесува макфакс.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите.

Последниот сличен бомбашки напад го изведе припадник на екстремната левичарска група марксистичката Партија/Фронт на ослободувањето на турскиот народ (DHKP-C) кој на 1-ви февруари се разнесе пред влезот во американската амбасада при што загина и турскиот припадник на обезбедувањето на дипломатското претставништво.

Инаку во операција против DHKP-C изведена во вторникот наутро во турската метропола Истанбул беа уапсени најмалку 12 лица од оваа група, којашто и претходно изведуваше одмазнички напади по апсења на нејзините припадници. Запрашан дали DHKP-C стои зад нападот од вторникот ноќта во Анкара, министерот Ѓулан изјави дека „засега неме цврсти докази”.

Експлозиите во Анкара се случија два дена пред најавениот повик на прекин на огнот од страна на затворениот лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Абдулах Оџалан, кој од ланскиот октомври преговара со највисоките турски челници за сопирање на судирите кои во последните 28 години однесоа повеќе од 40 илјади животи.

Оџалан преку прокурдските пратеници и активисти кои претходно минатата седмица го посетиле во затворот на островот Имрали во Мраморното Море недалеку од Истанбул, најави дека ќе испрати „историски повик” за мир, па пораснаа надежите дека би можел да се воспостави траен мир со задоволување на некои барања на курдските активисти.

PKK, Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, меѓутоа Анакра започна преговори за надминување на судирите, бидејќи од минатото лето се зајакнаа герилските активности на курдските сепаратисти и масовните апсења на курдските активисти кои бараат поголема автономија за областите населени со Курди.

Примирја меѓу курдските бунтовници и турските власти и претходно беа договарани и кршени., но првпат Оџалан и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган отворено зборуваат за разговори за сеопфатно решение. Ердоган направил повеќе отстапки во врска со културните и јазичните права. PKK првично бараше независна курдска држава во југоисточниот дел од Турција, но сега нивните барања се толкуваат како поумерени и се однесуваат на широка политичка и културна автономија.

Во согласност со планот, на кој PKK би требала да одговори набрзо, бунтовниците официјалниот прекин на огнот би требало да започнат да го применуваат од 21-ви март, кога се прославува курдската Нова година, а тоа според пишувањето на турските медиуми може да го следи и наредба PKK да ги повлече своите герилци од територија на Турција во нејзините бази во северен Ирак.

Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија би требало да заврши на 15-ти август. Наведениот датум зависи од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.