Експлозии од минофрлачки ракети се слушаат близу аеродромот во Доњецк, а погодена е и воена база, јавува агенцијата АФП.
За време на викендот кога се одвиваа и парламентарните избори во Украина, главно во земјата владееше мир. Сепак, избори не беа организирани на источниот дел од земјата кој е речиси вон контрола на Киев.
Погодената воена база е на неколку километри од градот Авдивка.
– Престрелките започнале во текот на ноќта, но беа очекувани веднаш по завршувањето на изборите, соопштува изјава на очевидец агенцијата Франс прес Марина.
Прекинот на огнот на исткот од Украина е договорен на 5.септември но борбите и понатаму продолжуваат во Доњецк.
Според прелиминиарните резултати, прозападните партии ги добиле изборите, а сепаратистите кои прогласија две независни републики на истокот, имаат во план на 2.ноември да организираат свои избори.