Станбена зграда експлодирала во квартот Харлем денеска околу 14 часот по средно европско време, при што загинало најмалку едно лице, а повеќе од десетина се повредени, пренесува АФП.
„Станува збор за експлозија, по што зградата се урна “, изјавил портпаролот на њујоршката полиција, без да открие детали.
„Противпожарни бригади во моментов работат на ставање на огнот под контрола“, велат од полицајта.
Еден сведок, кој живеел од спротива на улицата од уништената зграда, за локалните медиуми изјави дека ја видел зградата во оган, и дека неговите роднини кои живеат малку подалеку, исто така, ја почувствувале експлозијата.
“Видов една жена како бега без чевли на нозете. Ми се јавија од семејството, и тие го почувствувале потресот, а живеат далеку од тука”, изјавил сведокот.
На местото на несреќата пристигнале 168 пожарникари, кои известија дека станува збор за уривање на две згради.
Пожарникарите сега веруваат дека причината за експлозиите e плин, но тоа се уште се утврдува, додека спасувачи продолжуваат да бараат луѓе под урнатините.