Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстерното тестирање ги обелодени сите негативности на образовниот процес

0
By Менче Атанасова Точи on June 5, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екстерното тестирање ги вознемирени и ученици и професорите. Сликата е иста во сите основни и средни училишта. Учениците збунети од поголем дел од прашањата ги прашуваат наставниците, а тие пак ги отвараат учебниците и им покажуват дека такви одговори нема во учебниците.

Естерното тестирање предвидува околу 50 000 прашања од сите предмети. Наставниците велат дека на некои прашања се понудени неточни одговори.

На пример, на прашањето: „Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата?“, понудени се 4 неточни одговори: а) 58 б) 48 в) 28 г) 38. Точниот одговор е 44, освен ако авторот на прашањето не ги помешал кирилицата и глаголицата, коментираат некои од наставниците кои ги контактиравме.

Иако учениците макортпно учеле, не можат да ги најдат одговорите на следните прашања:

Каков вид текст е „Богородица оди по маките“? Кој средновековен роман претставува христијанизација на животот на индискиот светец Буда?

Нашите соговорници велат дека во учебникот попатно се споменати два романа кои преку византиската литература се преземени од индиската, но нема никаква друга информација за нивната содржина.

Потоа прашањата: Кој лик од „Мртви души“ е скржавец? Ова дело не во програмата, ниту пак се работи на часовите.

Кои четири планети Данте ги видел на излегување од пеколот и што симболизираа тие?

Наставниците велат дека одговорот го нема во учебникот, туку во поговорот, во едно од многуте изданија на „Пеколот“.

Списокот на погрешно формулирани прашања, повеќесмислени одговори и неважни факти е многу долг, велат наставниците.

Многу наставници се револтирани, но не сакаат да јавно да коментираат бидејќи, како што рекоа се соочуваат со големи притисоци од директорите на училиштата во кои работат. Тие велат дека се соочуваат и со закани од казни.

НОВА ја контактираше професорката по македонски јазик од гимназијата „Орце Николов“ Сузана Черепналковска, која вели дека тестовите од екстерно имаат безброј пропусти.

„Проблемот е во квалитетот на прашањата, во непотврдени факти кои не одат во суштината на предметот“, изјави за НОВА професорката Черепналковска.

Дека моделот на екстерно тестирање има многу недостатоци кои ја доведуваат во прашање неговата кредибилност како параметар за вреднување, потврдува и професорка Елизабета Секирарска, од средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Секирарска вели дека наставниците иницираат ревизија на моделот, но реакцијата не наидува на прифатеност од страна на надлежните.

„Сакам уште еднаш да иницирам барем размислување за еклатантните недостатоци на овој систем, воочени од самите наставници, но и дефинирани како реакција на учениците на ваквиот модел“, изјави за НОВА професорката Секирарска.

Таа посочува дека она што е мошне согледливо и мора да биде земено предвид кога се прават анализи на екстерното тестирање, а е само дел од она за кое мора да се размисли, се следниве аспекти:

„Пред се, тоа е дека инсистирањето на примената на овој модел на домашен терен заради паралелата со другите образовни системи не може да се прифати како воспитно-образовно алиби, затоа што фактот според кој екстерното тестирање функционира во друг земји не подразбира по автоматизам апликација на истиот во нашите училишта“.

Вака замислен и имплементиран,системот подразбира употреба на алатката банка или отворен базен на прашања, што само по себе има директни последици врз валидноста на резултатот, вели Секирарска.

„Имено, целата година учениците имаат пристап до прашањата по предмети, базата не е затворена и можат во секое време да ги симнуваат, одговараат и да излегуваат на тестирањето со подготвени одговори, меморирани како такви, што во никој случај не може да се означи како знаење. Ги знаат одговорите, но не и суштината на прашањето кое го одговараат, што се коси со фундаментот на воспитно-образовниот процес, учење заради знаење, разбирање и можност за апликација на наученото“.

Секирарска објаснува дека прашањата се дефинирани така да не поттикнуваат креативност, не подразбираат размислување и не поставуват пред учениците барања кои процесот на учење треба и мора да ги подразбере. Според неа, моделот за бодување на прашањата исто така мора да биде предмет на ревизија и да подлежи на промени, а наставникот треба да е педагог, психолог, методичар, дидактичар во исто време.

„Добар наставник може да се биде само ако се работи слободно, без притисоци, без алатки кои по својата природа се репресивни. Од тие причини, сите наставници сметаат дека е императив што поскоро да се земат предвид сите посочени директни последици од овој модел за надворешно вреднување и да се пристапи кон воспоставување на еден сосема нов, хуман, педагошки, психолошки и дидактички издржан модел, во чие креирање ќе бидат вклучени и тие, како луѓе од пракса„ вели Секирарска.

Екстерното тестирање ќе се спроведува до 10 јуни, а за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

Укинувањето на екстерното тестирање беше едно од барањата на средношколците кои протестираа и три недели кампуваа пред вратите на Министерството за образование.

Министерсвото понуди, екстерното тестирање да нема измени годинава, а преку лето да се формираат работни групи кои ќе работат на негово подобрување, но средношколците го одбија предлогот.

Тие го предлагаа словенечкиот модел каде што се полага анонимно, а оценката не фигурира во свидетелството, но Министертвото не го зема во обзир овој предлог.

Од Министертвото за образование нема најава дека планираат нешто да сменат или ревидираат во моделот на екстерното тестирање.

Наставните кои реагирале минатата година велат дека нивните сугестии и реакции никој во надлежното Министерство не ги земал во обзир.

Родители бараат децата со посебни потреби да се изземат од екстерното тестирање

Екстерното тестирање не е прилагодено за децата со посебни потреби, кои тестовите ги полагаат заедно со другите ученици, реагираат родители на деца кои следат настава преку инклузивното образование.

Родители за НОВА тврдат дека децата со посебни потреби не треба воопшто да полагаат екстерно тестириње или да се промени нешто во начинот на тестирање.

„Министерството за образование треба да ги изземе децата со посебни потреби или да се консултира со специјалните едукатори. Имаме проблеми бидејќи на тестирањето не ја пуштаат дефектологот , која секако ќе најде начин како да и ги објасни прашањатаза да ги разбере“, вели за НОВА Мимоза Петревска, родител на дете со даумов синдром.

И наставниците потврдуваат дека прашањата се исти за децата со посебни потреби кои се вклучени во инклузија.

„Децата со посебни потреби најчесто имаат помошник, наставник кој им помага, но само за техничките работи како што е вклучување на комјутер, помагање со маусот и слично. Јас вчера му помогнав и му го напишав името и презимето на едно од децата, а потоа тоа почна самостојно да ги заокружува одговорите. Тестовите не се прилагодени за овие деца, мислам дека прашањата во најголем дел ги заокружуваат без врска, на среќа, бидејќи не ги разбираат“, изјави за НОВА наставничка од едно основно училиште во внатрешноста која сакаше да остане анонимна.

И децата кои имаат дислекција, односно проблеми со читањето, исто така ги полагаат овие тестови, иако за нив најдобро е да полагаат усно.

„Тестовите е се кошмар за сите деца кои имаат дислексија. Тие уште по првото прашање стануваат дезориентирани“изјави за НОВА Славица Тасевска Николовска, тренер по дислексија и мајка на дете кое го има овој проблем.

Емилија Угриновска која е одговорна за екстерното тестирање за НОВА поврди дека децата со посебни потреби кои се вклучени во инклузијата ги полагаат тестовите од екстерно заедно со другите ученици, но вели дека директорите се информирани дека треба да обезбедат дополнителни тестатори.

„Тоа се деца кои не се категоризирани, родителите сакаат да се третираат исто како и другите деца и затоа прашањата се исти како и за другите ученици, но тие секако имаат дополнителен тестатор кој им помага како да го вклучат копчето, што треба да притиснат и слично“, изјави за НОВА Угриновска.

Но, тестовите од екстерно донесоа големи проблеми и з а другиоте ученици. Тестирањето кое трае цели 10 дена го поминуваат со големи стресови, а прашањата кои се неразбирливи, нелогични или неточно поставени, допринесуваат за уште поголема збунетост.

Голема небулоза е направена со германскиот јазик, како втор во шесто оделение, велат родители за НОВА.

Тие објаснуваат дека наставната програма предвидува учениците во шесто одделение да учат половина од учебникот, а втората половина во седмо одделение.

„Но, проблемот е во тоа што прашањата се од целиот материјал, значи од половината од учебникот кој треба да се учи во седмо одделение. Реагиравме кај надлежните , тие не знаат ништо, па ни рекоа зошто не сме реагирале порано. Зарем треба родителите да ја сработат нивната работа за која ги плаќаме и да го аминуваме нивното несовесно работење“, реагираа група родители во редакцијата на НОВА.

Родителите се револтирани од екстерното тестирање и стресот на кој се изложени нивните деца.

„Ќерка ми е во прва година гимназија и се нервира цел месец бидејќи има толку нелогичности и двосмислени прашања, што не е можно да дадеш логичен одговор. Јас учам со неа се, освен математика , физика и хемија и половина од прашањата се политички. Не знам зошто ги заморуваат децата со тоа? “прашува Маја Мангов Крстиќ која е мајка на средношколка.

Социјалните мрежи вријат од коментари од револтирани родители и ученици. „На децата им го скратија детството“, „Ова е вистински мобинг врз децата. Зошто им дозволуваме да си поигруваат со нашите деца“, „Наместо надвор да играм кошарка на топлото време, јас учам прашања кои не се за оваа година, а ќе ми се паднат на екстерно“.

Од Министерството за образование и Државниот испитен центар велат дека немаат пријави за технички или проблеми од друга природа. Од таму, информираат дека процесот на екстерно оценување се реализира непречено при што, заклучно со 12:00 часот, е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта.

„До овој момент нема пријави за технички или проблеми од каква било друга природа. Во контекст на натписите во дел од медиумите посветени на прашањата кои се дел од процесот на екстерното тестирање на учениците, апелираме на понатамошна коректност во информирањето и елиминирање на сите обиди за нивно квалификување како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст, или пак, во краен случај додавање на политичка конотација на содржината.

Сакаме да информираме дека сите прашања кои се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Тие се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст“, се вели во соопштението на МОН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.