Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстерното тестирање ги вознемири и учениците и професорите

0
By Менче Атанасова Точи on June 3, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екстерното тестирање ги вознемирени и ученици и професорите. Сликата е иста во сите основни и средни училишта. Учениците збунети од поголем дел од прашањата ги прашуваат наставниците, а тие пак ги отвараат учебниците и им покажуват дека такви одговори нема во учебниците.

Естерното тестирање предвидува околу 50 000 прашања од сите предмети. Наставниците велат дека на некои прашања се понудени неточни одговори.

На пример, на прашањето: „Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата?“, понудени се 4 неточни одговори: а) 58 б) 48 в) 28 г) 38. Точниот одговор е 44, освен ако авторот на прашањето не ги помешал кирилицата и глаголицата, коментираат некои од наставниците кои ги контактиравме.

Иако учениците макортпно учеле, не можат да ги најдат одговорите на следните прашања:

Каков вид текст е „Богородица оди по маките“? Кој средновековен роман претставува христијанизација на животот на индискиот светец Буда?

Нашите соговорници велат дека во учебникот попатно се споменати два романа кои преку византиската литература се преземени од индиската, но нема никаква друга информација за нивната содржина.

Потоа прашањата: Кој лик од „Мртви души“ е скржавец? Ова дело не во програмата, ниту пак се работи на часовите.

Кои четири планети Данте ги видел на излегување од пеколот и што симболизираа тие?

Наставниците велат дека одговорот го нема во учебникот, туку во поговорот, во едно од многуте изданија на „Пеколот“.

Списокот на погрешно формулирани прашања, повеќесмислени одговори и неважни факти е многу долг, велат наставниците.

Многу наставници се револтирани, но не сакаат да јавно да коментираат бидејќи, како што рекоа се соочуваат со големи притисоци од директорите на училиштата во кои работат. Тие велат дека се соочуваат и со закани од казни.

НОВА ја контактираше професорката по македонски јазик од гимназијата „Орце Николов“ Сузана Черепналковска, која вели дека тестовите од екстерно имаат безброј пропусти.

„Проблемот е во квалитетот на прашањата, во непотврдени факти кои не одат во суштината на предметот“, изјави за НОВА професорката Черепналковска.

Дека моделот на екстерно тестирање има многу недостатоци кои ја доведуваат во прашање неговата кредибилност како параметар за вреднување, потврдува и професорка Елизабета Секирарска, од средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Секирарска вели дека наставниците иницираат ревизија на моделот, но реакцијата не наидува на прифатеност од страна на надлежните.

„Сакам уште еднаш да иницирам барем размислување за еклатантните недостатоци на овој систем, воочени од самите наставници, но и дефинирани како реакција на учениците на ваквиот модел“, изјави за НОВА професорката Секирарска.

Таа посочува дека она што е мошне согледливо и мора да биде земено предвид кога се прават анализи на екстерното тестирање, а е само дел од она за кое мора да се размисли, се следниве аспекти:

„Пред се, тоа е дека инсистирањето на примената на овој модел на домашен терен заради паралелата со другите образовни системи не може да се прифати како воспитно-образовно алиби, затоа што фактот според кој екстерното тестирање функционира во друг земји не подразбира по автоматизам апликација на истиот во нашите училишта“.

Вака замислен и имплементиран,системот подразбира употреба на алатката банка или отворен базен на прашања, што само по себе има директни последици врз валидноста на резултатот, вели Секирарска.

„Имено, целата година учениците имаат пристап до прашањата по предмети, базата не е затворена и можат во секое време да ги симнуваат, одговараат и да излегуваат на тестирањето со подготвени одговори, меморирани како такви, што во никој случај не може да се означи како знаење. Ги знаат одговорите, но не и суштината на прашањето кое го одговараат, што се коси со фундаментот на воспитно-образовниот процес, учење заради знаење, разбирање и можност за апликација на наученото“.

Секирарска објаснува дека прашањата се дефинирани така да не поттикнуваат креативност, не подразбираат размислување и не поставуват пред учениците барања кои процесот на учење треба и мора да ги подразбере. Според неа, моделот за бодување на прашањата исто така мора да биде предмет на ревизија и да подлежи на промени, а наставникот треба да е педагог, психолог, методичар, дидактичар во исто време.

„Добар наставник може да се биде само ако се работи слободно, без притисоци, без алатки кои по својата природа се репресивни. Од тие причини, сите наставници сметаат дека е императив што поскоро да се земат предвид сите посочени директни последици од овој модел за надворешно вреднување и да се пристапи кон воспоставување на еден сосема нов, хуман, педагошки, психолошки и дидактички издржан модел, во чие креирање ќе бидат вклучени и тие, како луѓе од пракса„ вели Секирарска.

Екстерното тестирање ќе се спроведува до 10 јуни, а за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

Укинувањето на екстерното тестирање беше едно од барањата на средношколците кои протестираа и три недели кампуваа пред вратите на Министерството за образование.

Министерсвото понуди, екстерното тестирање да нема измени годинава, а преку лето да се формираат работни групи кои ќе работат на негово подобрување, но средношколците го одбија предлогот.

Тие го предлагаа словенечкиот модел каде што се полага анонимно, а оценката не фигурира во свидетелството, но Министертвото не го зема во обзир овој предлог.

Од Министертвото за образование нема најава дека планираат нешто да сменат или ревидираат во моделот на екстерното тестирање.

Наставните кои реагирале минатата година велат дека нивните сугестии и реакции никој во надлежното Министерство не ги земал во обзир.

НОВА продолжува да го следи текот на екстерното тестирање, како се одвива и со кои се проблеми се соочуваат учениците, наставниците, дури и родителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.