Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстра меин бара одговорност за пропустите во постапката за испитување

0
By Менче Атанасова Точи on August 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екстра меин обвинува за пропусти во постапката од страна на Центарот за јавно здравје во Велес при испитувањето на листерија од мострите на свинскиот врат, со што велат дека е нанесена штета на угледот на компанијата.

Од Екстра меин ја повикуваат директорката Флорентира Ристовска Шурбевска да одговори зошто не извршена квантификација, (броење на бактериите) со што секоја понатамошна фаза на испитување е невалидна. Прашуваат дали директорката е сигурна кога се земени мострите бидејќи датумите не документите не се совпаѓаат.

-Истата таа директорка, во својот Извештај до Министерот за здравство испратен за целиот таканаречен случај воопшто не е сигурна кога се земени мострите, на 23 јули или на 25 јули, бидејќи на два различни документи стои различен датум. Ако не знае Ристовска Шурбевска, кој друг треба да знае? Згора на се не се сигурни ниту нејзините вработени кои ги земале примероците, како што објавија медиумите, а на самиот записник датумот е пречкртуван.

Jавно ја прашуваме Шурбевска каде биле цели два дена мострите? Ако се донесени на 23 јули, согласно нејзиниот Извештај до министерот, зошто тогаш дури на 25 јули се доставени до нејзината лабораторија?

Како датум на завршување на тестирањата во Велес е наведен 5 август 2014! Ова, пак, отвора други прашања, како на пример, што се правело сите овие денови? Како се постапувало со примерокот? Како се чувал примерокот?

Зошто се дозволени пропусти во постапката и истите се премолчуваат? Зошто не се бара одговорноста во спроведување на процедурите?

Од компанијата Екстра меин ја потсетуваат Шурбевска дека вакумираниот свински врат, според Правилникот за посебни барања за микробиолошките критериуми за храна влегува во класификацијата 1.3, каде што е дозволено присуство на 100 колонии по грам во рок на траење.

– Нашиот производ, сецкан свински врат е ставен во непотребна постапка при што е создаден случај без основа, со што се нанесе штета на угледот на компанијата, која 20 години е на пазарот со стандардидизирани и квалитетни производи, велат од компанијата Екстра меин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.