Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстра меин е затворена, месото од Бразил слободно влегува во државата

0
By Менче Атанасова Точи on August 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Сите производи на Екстра меин ќе бидат повлечени од продажба, а фабриката останува затворена, соопшти денеска Комисијата за заразни болести на чело со министерот Тодоров. Инспекторите откриле дека листерија има во свинското и пилешкото месо од кои наводно, се правеле сувомеснатите производи.

Месото било увоз од Бразил и Канада. На денешната прес конференција министерот Тодоров не објасни зошто се дозволило заразаено месо да биде увезено во државата, но и кој ќе сноси одговорност за овој пропуст.

Ова ја отвара дилемата колкав е списокот на фабрики за сувомеснати производи кои користат месо од Бразил. Според овој документ до кој дојде НОВА, а кој Институтот за јавно здравје го испратил за генотипизација до лабораторијата на Факулетот за ветеринарна медицина, дури во 23 производители на сувомеснати производи е пронајдена листерија.

-Тоа е точно, но кај овие производители не е пронајдена бактеријата листерија во толкави количини и не е од истиот генотип како во Екстра меин, изјави Тодоров.


Прашање кое се наметнува после ова е дали граѓаните треба да конзумираат производи со листерија која не е од исиот генотип како онаа во Екстра меин, а ја има во помали количини кај други производители. Подоцна на истата прес конференција Тодоров изјави дека во производите не треба да има ниту една колонија од бактеријата бидејќи таа понатаму се размножува во производите во маркетите.

На прес конференцијата присуствуваа сите инволвирани институции кои досега се препукуваа меѓу себе околу тоа, чија метода е валидна.

Оние што до пред два дена тврдеа дека е промашена методата на Институтот за јавно здравје сега се смееја на новинарски прашања, особено кога министерот Тодоров се обидуваше да објасни за нешто, како што рече, повторно да не бидело погрешно интерпретирано од новинарите.

Нејасно е, како можат претставници на така значајни институции од највисок ранг во државата да се смеат на новинарски прашања, особено кога станува збор за многу сериозна тема, бактерија која уби пет луѓе и десет заболеа.

Особено, раководителот на лабораторијата како и деканот на Факултетот за ветринарна медицина кој си ја демантираше сопствената изјава, за тоа дека промашена е методата на нивната конкурентна институција, Институтот за јавно здравје. Тие денеска климаа со глава во знак на одобрување на изјавата министерот и се смееја на новинарските прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.