Шпанскиот весник “Ел Мундо” објави документи за кои се тврди дека покажуваат премиер Маријано Рахој и други врвни политичари како добивале незаконски исплати, јавува Би-Би-Си.
“Ел Мундо” пишува дека има записи со ракопис од страна на поранешниот благајник на владејачката Народна партија (ПП), Луис Барсенас. Инкриминирачките документи се предадени до Високиот суд.
Г-дин Рахој и други членови на партијата постојано негираат дека тие добиле незаконски плаќања.