Дела на познатиот уметник, графички дизајнер и граѓански активист се изложени во Музеј на Град Скопје.
Изложбата е со наслов „Архитектонски илустрации“ и е дел од 19. Биенале на македонска архитектура, БИМАС кое се одржува од 13 до 27 септември.
„На оваа изложба ќе се претставам со мои илустрации кои ги имам направено на бруталистички објекти од Скопје, потоа тука е споменикот Македониумот во Крушево и секако дел од спомениците на НОБ низ Југославија кои сè уште пленат со својата убавина, архитектонски израз далеку пред времето и сè уште изгледаат авангардно. Изработени се во минималистички стил со цел да дојде до израз нивната убавина и моќ. На изложбата ќе имам 26 илустрации“, рече Кардула.