Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елитни британски специјалци под истрага за можни воени злосторства во Сирија

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петмина припадници на специјалната единица на британската армија (САС) се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јавува Би-Би-Си.

Засега нема уапсени, но истрага води Одделот за тешки криминали на Министерството за одбрана.

Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во последните 10 години во операциите против терористичката Исламска држава.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека сериозно ги сфаќа наводите за можни злосторства. – Сите кривични пријави ќе бидат упатени во полиција за понатамошна истрага, изјави портпаролот на Министерството.

Истрагата наводно е фокусирана на инцидент што се случил пред две години кога еден од џихадистите бил убиен. Повикувајќи се на извори на САС, Дејли Меил известува дека во близина наводно бил пронајден елек со бомби, но осомничениот не го носел кога бил убиен.

Весникот наведува дека војниците се обвинуваат од претпоставените дека употребиле прекумерна сила и наместо тоа требало да го уапсат човекот, додека војниците тврдат дека тој претставувал закана и дека имал намера да изврши самоубиствен напад.

Сепак, министерството тврди дека ова не е изолиран случај и дека има уште „застрашувачки“ сведоштва за воени злосторства.

Единиците на САС со години дејствуваат во Сирија, а до пред неколку години и во Авганистан.

Исто така, во тек е истрага за тоа дали специјалните сили на Обединетото Кралство убиле цивили и невооружени луѓе во ноќните напади во Авганистан помеѓу 2010 и 2013 година.

британски специјалци Велика Британија Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.